Уште 11 милијарди долари за Џенерал моторс

Американската автомобилска компанија Џенерал моторс соопшти дека од 35 финансиски институции од 14 држави прибрала уште 11 милијарди долари кредитни линии, со што расположивата количина на пари и кредити се зголеми на 42 милијарди долари.

Компанијата од Детроит не прецизираше што ќе стори со тие пари, туку само наведе дека станува збор за „резерва“, која може да биде употребена за „стратешки цели“.
Аналитичарите, пак, сметаат дека Џенерал моторс собира пари за реструктуирање на своето проблематично работење во Европа, за влез на пазарот на автомобилски кредити или за својот пензиски план.

Макфакс

Погледнете ги следниве статии

Добродојдовте во фабриката на Масерати

Нова фабрика се отвора во Бунарџик

Македонец ќе биде директор на фабриката на Дрекслермаер

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.