Пронашол и вратил 18 илјади, го наградиле само со 100 евра

Loading...

Душан Мијатовиќ добил 100 евра од една новосаѓанка, затоа што ги нашол нејзините 18.000 евра и и ги вратил.

Госпоѓата му дала и 200 динари на Мијатовиќ за да може со такси да се врати дома.

„Штом го видов големото купче евра, повикав полиција. Ни на крај памет не ми беше да ги земам парите за себе, затоа што татко ми беше полицаец. А и да не беше, чистиот образ ми е  поважен пред сите пари“, вели Мијатовиќ, за локалните медиуми.

Чесниот наоѓач пет години е на инвалидска пензија со месечни примања од само 8.400 динари (околу 74 евра), а парите за преживување ги обезбедува со продавање волнена облека на пазар.

Жената пред неколку дена била кај Мијатовиќ да купи волнен елек, а кога заминала заборавила една од двете торби кои ги носела со себе.

Полицијата го утврдила идентитетот на жената врз основа на лични документи, кои се наоѓале во изгубената торба заедно со 18.000 евра.

Макфакс

Погледнете ги следниве статии

 Кога среќата ќе ви се насмевне – Индиец ја доживеа приказната од филмот „Милионер од гетото“

 

 

 

 Најпознатите шопинг улици во светот

 

 

 

 

 

 5-те најбогати луѓе низ историјата

 

 

 

loading...
Loading...