BMW со добри резултати на слабиот автомобилски пазар

Loading...

Германскиот производител на луксузни автомобили BMW извести во вторникот дека нето добивката во третиот квартал пораснала за неочекувано силни 16 отсто, на 1,29 милијарди евра, и покрај тешките состојби на пазарот.

„Групацијата BMW продолжи успешно да работи во периодот опфатен со извештајот и покрај тешките сосотојби на пазарот. Податоците за продажбата, приходите и добивката во третиот квартал достигнаа нови рекордни нивоа“, стои во соопштението на компанијата.
Аналитичарите прогнозираа пад на добивката за 3,1 отсто, на 1,05 милијарди евра.
Вкупните приходи на компанијата скокнале за 13,7 отсто, на 18,817 милијарди евра, додека темелната оперативна добивка се зголеми за 13,8 отсто и изнесуваше две милијарди евра.
„Очекуваме продолжен раст на приходите во четвртото тромесечје, иако јасно е дека, како сектор во целина, веројатно ќе бидеме соочени со неповолни услови на работење“, нагласи претседателот на управата на BMW, Норберт Рајтхофер.
Групацијата во периодот јули-септември, продала 434.963 возила, што претставува раст од девет отсто.

Макфакс

Погледнете ги следниве статии

BMW Gran Turismo серија 3 – шпиунски фотографии

Новото BMW M3

Полициско BMW М5 со 560 КС

loading...
Loading...