Федерер: Не е исто кога го нема Рафа, сите сакаме да се врати!!!

Роџер Федерер зборуваше околу тоа како го изгубил првото место во светот и ривалитетот со Новак Џоковиќ и Енди Мареј, но, Федерер се сврте и кон Рафаел Надал, кој поради повреда на коленото нема да игра на завршницата од АТП сезоната, односно турнирот во Лондон.

„Не е исто кога го нема Рафа, но тоа е тоа, со време на време се случуваат и повреди, и сите ние му посакуваме се најдобро, и се надеваме дека догодина ќе се врати на терен“ вели Федерер.

„Рафа му припаѓа на друштвото овде, оваа сезона освои Гренд Слем Турнир“ беше коментарот на Федерер.

Пронајдете не на следниве мрежи: