сабота, 14 ноември 2026
Најново

Најголемите жени криминалци кои го одбележаа 20-от век

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во музејот за правда во Сиднеј се изложени фотографиите на најголемите жени криминалци кои биле во затвор во периодот имеѓу 1910 и 1930 година.

Неверојатните фотографии на жените убијци, бигамистки, дилерки на дрога и сл., од 1920-те години, се дел од вредната колекција на преку 2500 слики, дело кое го создала Саут Вејл полицијата во периодот измеѓу 1910 и 1930 година.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

 

 

Жени убијци

·         Doroti Mort (32) била осудена за убиство на својот поранешен партнер др Колд Тозер, кој се обидел да стави крај на нивната врска.

·         Hari Kraford, или поточно Eugenija Faleni, жената која успешно ја играла улогата на машко, притоа венчајќи се со АНи Брикет во 1913 година, за чие и убиство е подоцна обвинета. Овој случај останува како посебен случај во кој жена завела жена притоа венчајќи се со неа и убивајќи ја.

·         Edit Ašton (37) била обвинета за големи измами и проневерување на пари. Како додаток на обвинениата се занимавала и со нелегални абортуси, при кои ги ограбувала жените притоа убивајќи ги со неуспешниот абортус.

·         Alma Smit (34) ја сносила вината за истоименото злосторство, обавување на нелегален абортус, со смртни случаи притоа.

·         Vera Krišton(23) инспирирана од двете наведени жени погоре, се гонела по основа на истите обвинениа, нелегален абортус со смртни случаи.

·         Dženet Vrajt (68) или подобро позната како Ангелот на смрта, била обвинета за убиство на тинејџерка на која исто така и изведувала нелегален абортус.

·         Emili Hemsfort обвинета за убиство на својот сопствен син непосредно после неговото раѓање, но со обвинение дека неможела да се сети како настанал немилиот настан, со што подоцна е и ослобдена од било какви обвинениа.

Дилерки на дрога

·         Fej Votson била упасена во 1927 година, со обвинението на поседување огромна количина на кокаин.

·         Ejmi Li (41) била опишувана како девојка со прекрасен изглед која конзумирала кокаин. Нејзината бледа кожа била доказ за претераното користење на дрога.

·         Ada и Hazel Mekginis, две дилерки на дрога. Тогашните сведоци ја опишувале Ада како една особено злобна личност, со започнување на својот бизнис од дома

Ограбувачки

·         Klara Rendal осудена на 18 месеци затвор бидејќи во полиција пријавила дека нејзиниот стан бил ограбен, притоа исчезнувајќи и многу вреден накит. Подоцна полицијата го пронашла накитот во блиската златара, во која што претходно Rendal го имала продадено.

·         Elizabet Rudi обвинета за грабеж на станот на Андреја Фолија. За ова дело добила 12 месеци затвор.

·         Džesi Longford познат крадец на полицијата. Често била апсена поради кражби во продавниците.

·         Eni Metjus била уапсена во 1924 година поради обвинение за локална кражба.

·         Doris Pul се товарела со обвинение за кржба на накит и гардероба. Во северен Сиднеј имала слично обвинение, па и затоа судот ја осудил на вкупно 6 месеци затвор.

·         Džen Vilson (23) обвинета за кражби на вредни предмети. Била осудена на година дена затвор.

·         Elizabet Singlton или подобро позната како локална проститутка. Била уапсена во 1927 година, кадешто притоа за нејзиниот престој во затворот нема никакви податоци.

·         Adelin Kuk бигамистка која во тоа време била истовремено со двајца мажи во брак.

 

Погледнете ги следниве статии

 Кои се најголемите нарко-босови на сите времиња?

 

 

 

 

 

 Кои се производите кои може да ги пренесете преку граница, а да не платите царина

 

 

 

 

 Во Русија поставена кутија за оставање на непосакуваните бебиња

 

 

Поврзани вести