Кои се 5-те нешта кои мажите ги посакуваат во креветот, но нема да се осмелат да ви ги побараат

Loading...

Прочитајте кои се дел од нештата кои мажите и покрај огромното посакување, не би имале храброст да се осмелат да ви ги побараат. 

Бидете добри, прочитајте ги, и применете ги. Нема да зажалите. 

                            

 

1.       Многу повеќе орален секс – Секако ова би бил еден факт кој сигурно не би ве изненадил. Меѓутоа, тоа не е се. Мажите оралниот секс не го гледаат како нешто кое служи само за да бидат позадоволени, многу повеќе го гледаат и третираат како нешто што би овозможило одлична предигра, притоа како еден вовед за една фантастична акција која взаемно би ве довела до лудило.

2.       Приватен стриптиз – Иако повеќето жени/девојки веруваат дека мажите се склони и им се допаѓа да гледаат некоја сосема непозната личност како го изведува светски познатиот секси танц, стриптиз, сепак би се излажале. Тие многу повеќе посакуваат да на нежен и сензуален начин секое парче гардероба полека го тргате од своето тело, притоа приредувајќи му еден интимен приватен стриптиз. Мажите се визуелни суштества, и затоа нема причина поради која понекогаш не би било добро да му приредите некоја домашна претстава.

3.       Кога вие ќе ја превземете иницијативата – После напорниот работен ден, вашата посилна половина сигурно не би посакала да биде под притисок да размислува за донесувањето на некои одлуки или воопшто за било какво размислување. Во ваквите ситуации верувајте дека едно од нештата што дефинитивно би му годеле на вашиот партнер е доколку му ја отворите вратата дочекувајќи го во секси долна облека, притоа зграбувајќи го и насочувајќи го во спалната соба. Бидете инвентивни и превземете ги работите во свои раце.

4.       Комплименти – Колку што понежниот пол ужива во благодетите на дадените комплименти, толку и посилниот пол не заостанува во истото. Кажете му на својот партнер дека сеуште е привлечен, згоден и посакуван. Пофалете ја неговата креативност, духовитост,  и способности да изнудува постојана насмевка на вашето лице. Зголемената блискост и интимност со сигурност ќе ви бидат загарантирани.

5.       Крај на игрите – Добро познатото ’’Ништо’’ е едно од нештата кои не само што ги доведува до лудило мажите, им задава и еден вид на загатка во која никогаш не го гледаат решението. Отворете ги картите и кажете го она што го имате отворено, што е она што ве прави незадоволни, било да се работи за нешта од вашата спална соба или надвор од неа. Со овој пристап,би добиле уште поголема ценетост од страна на вашиот партнер.

Погледнете ги слениве статии

 Зошто жените го сакаат сексот

 

 

 

 

 

 Кои се 5-те заблуди во кои жените цврсто веруваат

 

 

 

 

 

 

 Секс пози кои ќе ја излудат секоја девојка

loading...
Loading...