Кога треба да кажете ‘Те сакам’

Loading...

Сте се заљубиле до уши и размислувате на таа личност да ѝ ги кажете магичните зборови, односно, да ѝ изјавите љубов? Пред да донесете конечна одлука, прочитајте во кои случаи зоровите „те сакам“ можат да предизвикаат тотална катастрофа.

Доколку сте тип на личност која не може да биде сама и скока од една врска во друга за да се почувствува исполнета, големи се шансите прерано да изјавите љубов.

 

Пред да ѝ кажете „те сакам“ на личноста во која сте се заљубиле, размислете дали воопшто сте дошле толку далеку во врската и што очекувате.

 

Порано или подоцна ќе мора да застанете и да заклучите дека дошол моментот да бидете малку сами и да дочекате некој за кого срцето навистина силно ви чука.

 

Тишина – Непријатен е моментот кога ќе им кажете на партнерот или партнерката дека гo/ja сакате, а од другата страна следи само тишина. Таквиот потег само може да ја расипе врската.

 

Едната страна ќе биде лута, а другата збунета. Можеби понекогаш е попаметно малку да размислите и да оставите да помине извесно време пред конечната одлука. Но, ако навистина сте сигурни дека се работи за маж или жена на вашиот живот, вреди да ризикувате.

 

Рана фаза – Во такви непријатни ситуации лесно доаѓа до забуна. Ако имате интензивни чувства во раната фаза од врската и одлучите да ѝ кажете на личноста дека ја сакате, таа би можела да помисли дека тоа го зборувате само за таа да биде задоволна.

Запрашајте се колку добро се познавате. На почетокот на врската двојките често се заслепени и не ги гледаат сите особини на партнерот. Знаете ли доволно за врските од минатото и какво влијание оставиле на личноста и што всушност сака таа од животот?

 

Пред да ѝ кажете „те сакам“, размислете дали навистина ја познавате таа личност или имате само одредена слика за неа. Несигурноста исто така може да го натера човек на грешка. Понекогаш луѓето мислат дека со љубовна изјава ќе ја врзат личноста за себе и ќе ја отстранат евентуалната конкуренција.

 

„Те сакам“ може и да навреди – Доколку магичните зборови прерано ги изустите, партнерот може и да ви се налути, бидејќи се уште е во фаза во која се испитува дали воопшто сака да биде во сериозна врска со вас.

 

Кога еднаш ќе кажете толку важно и сериозно тврдење, не можете да се вратите назад и доколку едната личност не возврати останува непријатната тишина. Можеби и размислува околу тоа дека врската има потенцијал и дека би можеле да дојдете до таа точка, но сè уште не е подготвена на тој чекор, па чувствува притисок дека мора да реагира што поскоро.

 

Во вакви ситуации најчесто доаѓа до прекинување на врската, бидејќи другата страна не може да живее со притисокот и очекувањата на кои не е подготвена.

 

Доколку вие сте подготвени на ваков ризик и навистина верувате дека треба да ѝ речете на саканата дека ја сакате, прво тоа покажете го на дела.

 

Наместо со зборови да ги покажувате вашите чувства, подгответе неколку романтични изненадувања. Потоа гледајте ги реакциите, бидејќи од нив можете да заклучите дали другата страна на ист начин размислува за вас.

 

Прочитајте ги и следниве статии:

Митови за љубовта кои ни го згорчуваат животот

 

 

Вашиот партнер направете го подобар љубовник

 

 

Дали мажите повеќе сакаат девици?

 

loading...
Loading...