Зошто мажите не ги сакаат караниците

Loading...

Конечно!

Најновите истражувања покажуваат зошто мажите се „исклучуваат“ и комплетно ги блокираат емоциите за време на љубовните кавги, и сѐ што се обидувате да им објасните – едноставно не допира до нив.

 

Според истражувањата спроведени на Универзитетот на Јужна Калифорнија, се покажува дека мажите, во моментот кога ќе видат налутен израз на лицето (без разлика која е причината за кавгата), нивниот мозок почнува да покажува помалку активност во делот кој служи за интерпретација на емоциите. Тоа значи дека едноставно не може да разбере што сакате, зошто, а богами и каков вид на агресивен вонземјанин сте. А камо ли пак да ве чуе што точно кажувате!
 

Интересно, но од друга страна, луѓето не умеат никако да го контролираат изразот на лицето кога се лути, па тоа е вистинско огледало на сѐ она што во моментот го чувствувате.

Затоа, советот е едноставен. Следниот пат кога ќе се случи конфликт со вашиот љубен, наместо да се мрштите пред него, едноставно кажете му дека ќе појдете до продавница да купите нешто. Излезете, прошетајте на чист воздух, почекајте лутината да ви помине.  Откога ќе се „оладите“ ќе бидете помлаку лути и ќе ви биде многу полесно да поразговарате со него за проблемите. А секако, и тој ќе биде подготвен да ве сослуша.

 

 

 

Прочитајте ги и следниве статии:

 

Дали мажите повеќе сакаат девици?

 

Секс диета

 

Кога треба да кажете 'Те сакам'

 

 

loading...
Loading...