6 грешки што треба да ги избегнувате за време на менструација

Нашите тела се особено чувствителни за време на оние денови, а некои навики на кои се придржуваме во ова време не се сметаат за здрави.
Затоа, најдобро е едноставно да се откажеме од ваквите лоши навики.
Ова се 6-те грешки што упорно ги правиме за време на менструација:
1. Користење тампони и влошки со избелен памук или вештачка свила
Повеќето влошки и тампони се изработени од вискоза, т.е. вештачка свила во форма на полиестер и избелен памук. Таквите влошки понекогаш содржат траги од пестициди, белило и диоксини, кои можат да имаат лошо влијание врз плодноста.
Долгорочното користење на вакви тампони и влошки може да го загрози вашето здравје.
2. Нередовно менување на тампонот или влошката
Колку подолго го носите тампонот или влошката, толку повеќе бактерии собирате. На овој начин се создава погодна околина за бактерии, кои можат да предизвикаат синдром на токсичен шок.
Се препорачува тампоните и влошките да се менуваат на секои четири до осум часа.


3. Употреба на мирисни производи
Никој не сака да мириса лошо, но користењето производи што содржат вештачки мириси не е добра идеја за време на менструација. Таквите производи можат да го иритираат организмот, да доведат до бактериски и габични инфекции и слично.
Најдобро е да избегнувате влошки и тампони со вештачки мириси.
4. Недоволно спиење
Тешко можеме да заспиеме со грчеви, немир и несоница предизвикани од хормоните, но квалитетното спиење од 7 до 9 часа на ден е најпотребно кога имате менструација. Недостатокот од сон делува стресно на телото.


5. Избегнување физичка активност
Вежбањето помага и во олеснување на грчевите, и во подобрување на квалитетот на сонот. Дури и кога имате менструација, се препорачува да вежбате барем 30 минути секој ден.
Едноставните активности, како што се одење или возење велосипед, помагаат во намалувањето на интензитетот на менструалните грчеви.
6. Пиење кафе
Кофеинот може да доведе до дехидратација, која, пак, може да ја влоши главоболката. Намалениот внес на кофеин за време на менструација ќе помогне во ублажување на симптомите како напнатост, несоница и вознемиреност.
Сепак, доколку надвор дува ветер, шалот е одличен начин да го заштитите вашето лице.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.