6 забранети мисли кои им поминуваат низ глава на родителите

6 забранети мисли кои им поминуваат низ глава на родителите

Родителите си ги обожаваат своите деца и речиси и нема нешто што не би сториле за нив, но и покрај тоа може низ главата да им пролетаат некои мисли кои се застрашувачки за нив. Тие се резултат на фрустрациите кои се останати од нивното детство. Ова се шест од нив кои според училишниот психолог Кејт Робертс се секогаш проследени со интензивно чувство на вина и срам затоа што сметаат дека тоа прави да не се добри родители. Доколку се појавуваат и кај вас имајте на ум дека не сте сами, но потребно е да работите на нив за да се отстранат за доброто на децата.

1. „Ова не е детето на кое се надевав“

Родителите имаат најдобри намери кога формираат очекувања за тоа какви ќе бидат нивните деца во иднина. Некои очекувања се поврзани со интересите или професијата на детето, некои со неговото здравје, неговиот изглед итн. Сепак, под влијание на разни причини кои не се под нивна контрола, децата се развиваат во личности кои честопати не ги исполнуваат баш тие очекувања. Секако дека децата и понатаму се такви на кои родителите би се гордееле, но очекувањата се изневерени и родителите се разочарани. Проблемот настанува кога тие се обидуваат да го потиснат разочарувањето затоа што се плашат дека не го сакаат своето дете такво какво што е и се лоши родители. Најдоброто што родителите можат да го направат во таква ситуација за своите деца е да си ги прифатат сопствените емоции, да поминат некое време жалејќи за тоа, а потоа да се помират и да живеат во хармонија со детето.

Најточниот афрички хороскоп!

2. Му завидуваат на детето

Родителите кои не си ги исполниле детските сништа и имаат ниска самодоверба подоцна во животот можат да развијат љубомора кон успесите на своето дете. Иако безусловната љубов е присутна, тие се справуваат со својата завист преку жестоко критикување и дисциплина.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.