Недостаток на одредени витамини и минерали може да влијае на нашето расположение, имунитет, сила, па дури и убавина. Затоа е важно да се забележат знаците што телото ни ги испраќа на времено.
Испукани, меки или чувствителни нокти
Ако имате чувствителни нокти, тоа може да биде знак на анемија или недостаток на железо. Направете тест на крвта и проверете дали нивото на еритроцити е пониско од нормалното. Други симптоми на анемија може да вклучуваат замор, бледа кожа или омалаксаност. Треба да јадете повеќе црвено месо, грав и спанаќ. Овој проблем може да биде од посериозна природа, па не заборавајте да се консултирате со вашиот лекар.
Крварење на непцата
Вашите непца можат да крварат поради недостаток на витамин Ц, затоа што оваа хранлива материја им помага на ткивото да расте и да се регенерира.
Покрај тоа, витаминот К помага крвта да се згрутчи, така што недостаток на супстанцијата може да предизвика крварење.
За да го зголемите нивото на витамини Ц и К, обидете се да внесете поголема количина на намирници кои што ги содржат овие витамини.
Чувствителни коски
Нема да бидете изненадени од фактот дека витаминот Д е неопходен за здрави коски. Ако чувствувате болка во коските и зглобовите, обидете се да јадете повеќе житарки за појадок и да јадете риба почесто за ручек. Се разбира, сончевите зраци исто така можат да помогнат.
Грчеви во нозете
Магнезиумот, калциумот и калиумот се неопходни за правилен развој и функционирање на мускулите, така што недостатокот на овие хранливи материи може да доведе до грчеви во нозете. Активните луѓе особено треба да земаат магнезиум во таблети или во прав. Ова ќе ја намали фреквенцијата на воспаление на мускулите по вежбање.
Афти
Афти во устата обично се показател дека страдате од недостаток на витамини Б, Б3, Б9 и Б12. Витаминот Б3, игра улога во одржувањето на здрава кожа, создава хормони, го подобрува варењето и го поддржува вашиот нервен систем, дури и најблагиот недостаток на оваа супстанца може да се манифестира во форма на раниж. Б12 е од големо значење за формирање на крвни клетки.
Витаминот Б се наоѓаат во интегралните житарки, мешунки, темно зелен зеленчук и во различни овошја.
Губење на чувство за вкус
Недостатокот на витамин Б12 е исто така тесно поврзано со недостаток на фолна киселина, така што недостаток на едниот е често поврзан со недостаток на другиот. Недостатокот на витамин Б12 може да влијае на нервите кои го пренесуваат чувството за вкус на мозокот, додека недостаток на фолна киселина е поврзано со појава на мазен, црвен јазик и губење на чувството за вкус.
Фолната киселина можете да ја надоместите синтетички, во форма на таблети . Б витамини се наоѓаат во цели зрна, мешунки, темно зелен лиснат зеленчук и во различни овошја.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.