6 знаци дека перфекционизмот ве спречува да напредувате и како да си помогнете

Ако перфекционизмот суптилно го спречува вашиот успех, време е да научите како да престанете да се трудите да бидете совршени. Луѓето честопати мислат дека да се даде сè од себе е добра работа, но тоа понекогаш се претвора во негативна карактеристика што ве спречува да ги постигнете вашите цели. Кога не можете да прифатите помалку од совршенство и поставувате нереални професионални и лични цели, границата е надмината и се движите на територијата на перфекционизмот.
6 знаци дека перфекционизмот ве спречува да напредувате и како да си помогнете
Перфекционизмот може да ви ги одземе среќата и можноста да уживате во успехот. Добрата вест е дека можете да постигнете многу работи без да се трудите да постигнете перфекционизам.
Прво, мора да ги научите овие шест знаци на перфекционизам.
1. Одложување
Секогаш ги одложувате работите од страв дека нема да ги направите како што треба или немате доволно време да дадете сè од себе.
2. Постојано правите проверки
Секогаш чувствувате дека можете подобро и кога ќе го проверите тоа што сте го сработиле, гледате само недостатоци.
3. Се чувствувате како да не сте доволно добри
Дури и вашето најдобро може да биде подобро и имате нереалните стандарди.
4. Постојано сте вознемирени и под стрес на работа и дома
Се плашите дека вашиот шеф ќе мисли дека вашата презентација не е доволно добра, вашата куќа не е доволно убава за да имате гости или дека не сте доволно успешен готвач.
Списокот продолжува и не можете да уживате во вашиот успех поради постојаниот внатрешен дијалог што ви кажува дека сте можеле уште подобро.
5. Имате негативнa самопроценка
Тешко ви е да прифатите комплименти или не им верувате на другите кога ќе ви дадат комплимент. Се сомневате во нивната искреност и си велите дека можевте и подобро.
Вашата самодоверба страда како резултат на вашите нереални стандарди.
6. Вие сте критички настроени кон себе и кон другите
Вашите високи стандарди ве тераат да бидете разочарани од себе и од другите. Имате тенденција да се фокусирате на недостатоците и на она што не функционира, наместо да гледате што одело според планот во проектот.


Луѓето може да бидат загрижени дека ве разочарале и да чувствуваат дека никогаш нема да направат нешто како што сакате вие.
Ако сакате да ги смените однесувањето и вашите перфекционистички црти, треба да се трудите да имате високи достигнувања, а не да бидете перфекционист.
За да научите како да престанете да се трудите да бидете совршени, пробајте ги овие 5 работи.
1. Бидете свесни за вашиот внатрешен критичар и за негативните мисли
Во главата нешто ви кажува дека вашата работа не е доволно добра, не е на ниво и треба да ја направите подобро.
Бидете свесни за тој глас, препознајте дека тoa се само мисли и потсетете се дека можете да изберете во што да верувате. Бидете свесни за мислите, забележете ги и изберете да не постапувате според нив.
2. Заменете ги негативните мисли со поздрави, рационални мисли
Направете список на поддржувачки мисли, како, на пример: „Работам напорно и го правам најдоброто што можам. Моето најдобро е доволно добро, луѓето ја ценат мојата напорна работа и таа се исплаќа, подобро е да ја завршам оваа задача отколку да продолжам да се грижам за тоа“.
Повторувањето на повеќе поддржувачки отколку негативни мисли помага да се променат начинот на размислување и стремежот кон перфекционизам.
3. Фокусирајте се на тоа како сакате да се чувствувате
Дали сакате да се чувствувате вознемирено и стресно со перфекционистички идеи или сакате да имате рамнотежа во вашиот живот и да можете да се опуштите повеќе?
Преземањето поумерен пристап кон вашите цели, наместо црно-бел екстремен пристап, доведува до поголеми шанси за раст и развој.
Тоа може да ве охрабри да прифатите дека постојано се подобрувате и растете. Работите не мора да бидат совршени, а вие сепак можете да уживате знаејќи дека постојано учите нешто ново.
4. Започнете да гледате кои работи се одвиваат како што треба и фокусирајте се на позитивните аспекти
Наместо да ја критикувате вашата работа и да барате недостатоци, застанете и потрудете се да откриете со што се гордеете и што сте постигнале.
Ценете го она што сте го направиле добро и што е позитивно во врска со вашата работа.
Пренасочувањето на вашиот фокус од критичко во помеко оценување може да направи разлика во тоа како се чувствувате за себе и за вашата работа.
5. Запомнете дека критиката не помага
Вашиот мозок ја сфаќа критиката како закана за вашиот опстанок. Затоа, тоа е неефикасно како алатка за учење. Станувате претпазливи и веројатно нема да го промените однесувањето.
Постои погрешна идеја дека перфекционизмот е златен стандард што ви помага да бидете најдобри што можете.
Во реалноста, тоа всушност ве спречува да ги постигнете своите цели и да размислувате за раст, што овозможува можности и подобрувања.
Менувањето на вашите перфекционистички црти може да има позитивно влијание врз вашата психичка и емоционална благосостојба.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.