Поставувањето граници за себе понекогаш е најтешко. Проблемот е што често ја пропуштаме можноста да ја повлечеме оваа јасна линија, па затоа понекогаш нашето тело само треба да ја постави и да биде свој „психолог“, без разлика дали сакаме или не.
Честопати се случува да можеме да направиме повеќе за некој друг отколку што сме подготвени да правиме нешто за наша корист. Ова, се разбира, доаѓа од грижата и љубовта кон другите, но љубовта кон себе треба да биде примарна за да може да бидете добри и за другите.
Иако често сме заведени од емоции и грижи, овие знаци кои често ги испраќа телото ќе ви покажат дека е време да се свртите кон себе.
Не знаете што да облечете
Да, дури и плакарот може да ни каже нешто за нашето ментално здравје. Кога сме преоптоварени, често ни е тешко да ги донесеме и најмалите одлуки што вообичаено ги носиме во лет. Доколку често сте неодлучни што да облечете или истото ви претставува стрес, тоа може да значи дека малку сте се запоставиле себеси и сте излегле од рутината за сопствена грижа.
Имате кошмари
Нашата потсвест може да биде прилично „злобна“ и да го изнесува од нас навечер она што го потиснуваме во текот на денот. Важно е да одвоиме време во текот на денот за да размислиме што нè мачи во моментот, бидејќи честопати излегува на виделина само ако одвреме-навреме направиме пауза.
Плачете додека правите секојдневни работи како пазарување
Ако се случува да ви дојде да заплачете, дури и на сосема неочекувано место, како продавница или можеби парк, тоа е знак дека се огласил „аларм“ во телото. Тоа „мало дете“ во нас веќе не ни дава простор да го занемариме и да потиснеме некаков проблем, па се обидува на секој можен начин да ве предупреди дека треба да погледнете кон себе и својата благосостојба да ја ставите на прво место.
Купот алишта го сфаќате како стрес
Кога ќе ја вложиме целата наша енергија во решавањето на туѓите проблеми, тие можат да бидат полни со љубов — а ние да се чувствуваме празни и исцрпени. Тогаш и најмалите задачи изгледаат како огромен товар, бидејќи и да имаме физичка сила, емотивно сме премногу исцрпени. Алиштата нема да ни наштетат ако ги оставиме. Нашата психа работи и има потреба од одмор.
Премногу сте уморни
Сте спиеле доволно долго, а сè уште сте уморни? Тоа е сигнал дека ви треба ментална пауза. Кога емоционалната енергија веќе ја исцрпува физичката енергија, време е да направиме нешто добро за себе. И само размислете за себе и за вашите сопствени потреби, најдете хоби или најдете нов извор на задоволство.
Одеднаш веќе немате желба да се сретнете со вашите пријатели
Оваа фаза никому не му е непозната. Ако забележите дека одеднаш немате желба да се сретнете со пријателите, ова е исто така знак дека ви недостасува да си посветите време себеси.
Доколку при самото спомнување на дружењето, тие средби ги толкувате како обврска што треба да ја исполните, подобро е да повлечете линија и да бидете искрени со себе и со пријателите. Кажете им дека ви треба време за себе, а кога ќе ви се наполнат „батериите“, вашата социјална страна природно ќе се врати.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.