6 правила со кои варењето на храната ќе ви биде многу полесно

Ако долго време страдате од запек, следните 6 совети како да ја подобрите функцијата на дебелото црево може да ви помогнат да го решите овој непријатен проблем.
6 правила со кои варењето на храната ќе ви биде многу полесно
1. Зголемете ја количината на масло во вашата исхрана. За да може цревата да работат правилно, односно да се забрза варењето, исхраната мора да содржи колку што е можно повеќе здрави природни масла кои ги има во јаткастите плодови, семињата и авокадото.
2. Избегнувајте сува храна. За да се свари, на сувата храна ѝ треба повеќе вода што треба да ја земе од вашето тело. Затоа јадете храна што е природно влажна и варена, а не сува. Ако имате бавен метаболизам, избегнувајте оризови галети, пуканки, суво овошје, мусли, итн.
3. Избегнувајте сурова храна. Исхраната базирана на термички необработена храна е многу здрава, но за нејзиното варење се потребни специјални ензими, различни од ензимите што се користат за варење на зготвената храна.


4. Исчистете го организмот. За оние што имаат вишок килограми и бавен метаболизам, се препорачува чистење на организмот. Популарен начин за чистење на телото е 1 или 2 дена да пиете само сок што ќе го направите сами од свежо овошје и зеленчук. Друг начин е да пиете само вода еден ден во седмицата и да не јадете цврста храна. Ако сакате да го поедноставите чистењето, секогаш практикувајте го во ист ден во седмицата.
5. Избегнувајте леб, тестенини и овесна каша. Тоа е тешка храна што ја забавува работата на цревата и со тоа го поттикнува зголемување на телесната тежина. Затоа, едноставните јаглехидрати заменете ги со цели зрна.
6. Јадете повеќе интегрални житарки. Тоа се сложени јаглехидрати кои ве снабдуваат со енергија долгорочно. Цели зрна се киноа, јачмен, просо, овес и ориз, но готвењето на нивната поздрава варијанта трае подолго, околу дваесет минути.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.