6 ЧУДНИ РАБОТИ КОИ ЖЕНИТЕ ГИ ПРАВАТ СО СВОИТЕ ВАГИНИ

6 ЧУДНИ РАБОТИ КОИ ЖЕНИТЕ ГИ ПРАВАТ СО СВОИТЕ ВАГИНИ

Што е тоа вагинално подмладување? А изветвена вагина? Сте ги чуле ли овие работи? Сте се загрижиле некогаш за вагината? Ова е листа од 6-те најчудни начини со кои можете да направите вашите гениталии да одговорат на барањата на гениталната убавина.

Што и фали на вашата вагина? Ако одговорите со „ништо“, по „новите “ мерила за убавина, веројатно ќе згрешите. Ако одиме според стандардите на модерната индустрија на убавина, тие се грди и мирисаат лошо. Но, не грижете се, со пари-сè може да се поправи.

ВАШАТА ВАГИНА ЛОШО МИРИСА

Решение: вагинален дезодоранс?!

Во седумдесеттите години, една козметичка куќа се обиде да им помогне на жените, нудејќи им го првиот вагинален дезодоранс. Со него,  фирмата на жените им нудеше „слобода во сексот и ослободување од непријатниот вагинален мирис“. Всушност, во овој дезодоранс бил употребен хексахлорофен, средство за дезинфекција, кое е смртоносно кога се апсорбира преку кожата. Така, во 1972 година, во Франција, по грешка е додаден во бебешка пудра поради која починале 36 деца.

Но во случај да мислите дека ваквите дезодоранси се остаток од минатото сте се излажале. Во Велика Британија и Америка, во аптеките можат да се најдат голем број дезодоранси кои мирисаат на рајските острови, летни ноќи и што уште не. Сите се наменети за „жените кои се грижат“, иако и меѓу нив може да се најдат некакви производи кои содржат забранети супстанции. Но ако навистина се грижите ќе направите од вашата вагина опасен миризлив остров.

ВАШАТА ВАГИНА Е ВАЛКАНА

Решение: Душ?!

Душинг е начин со кој се врши промивање на вагината со помош на цевка и пумпа, која за првпат е промовирана како начин за контрацепција (потврдено без ефект). Оваа „операција“ продолжила да се користи во медицински цели, како на пр. за чистење на вагината од вагиналните сексуално преносливи инфекции, за чистење на вагината после менструација и се разбира за да се отстрани оној „одвратен“ вагинален мирис.

Всушност, ако го поставите прашањето дали навистина со овој начин можете да го решите својот „проблем“, ќе го добиете овој одговор: во медицинските списанија, душингот е поврзан со воспалението на карличната област, со ектопичната бременост и неплодност. Дали овие факти се доволно уверливи?

ВАШАТА ВАГИНА Е ПРЕМНОГУ ОПУШТЕНА

Решение: Вагинално подмладување?!

Природата навистина била креативна кога ја дизајнирала вагината. Не заборавајте дека таа е одговорна за раѓањето на детето. Таа е фундаментално подобро замислена од машките гениталии (како може да се справат со „тоа“ од надвор?). И во сета таа акција, природата заборавила да ја направи вагината тесна… За среќа, пластичните хирурзи имаат начин кој ќе им стави крај на колективното страдање на сите жени.

Тие нудат ласерско подмладување на вагината за сите кои имаат од 4000 до 20000 долари. Освен тоа, со тоа ветуваат зголемено сексуално задоволство. Но, Здружението на гинеколози предупредува дека овие постапки нудат потенцијал за компликации, инфекции, изменета сензација, адхезии и лузни. Секси!

ВАГИНАТА ВИ Е ГРДА

Решение: Лабиапластика

Ако вашата вагина е доволно цврста (ајде да се соочиме дека најверојатно не е), вие сепак мора да се соочите уште и со оние нејзини незгодни „големи усни“. Вашите „големи усни“ се веројатно преголеми, издолжени, неправилни, нееднакви, така што вие навистина не уживате во себе. За среќа, со употреба на скалпели и ласери, вагината може да се направи поубава, подобро устроена и помлада. Колку ќе ве чини тоа? Веројатно 5000 долари или повеќе. Но што е тоа во однос на вечната убавина?

ВКУСОТ НА ВАГИНАТА Е ЛОШ

Ако вашиот партнер не сака орално да ве задоволи, тоа не е заради тоа што таквото задоволство тешко се постигнува, туку само поради тоа што вкусот на вашата вагина е лош, многу лош. Затоа внесете во вашата вагина некој од производите кои ќе го подобрат нејзиниот вкус. Производителите на таквите производи во своите реклами наведуваат дека 72% од жените имаат проблеми со својата самодоверба поради непријатниот вкус на вагината. Но, стручњаците велат дека природниот вкус на вагината не е многу поразличен од природното нане. Со други зборови, таа е направена од шеќер. Ставањето дополнителен шеќер длабоко во нејзе, создава поле за габични инфекции.

ВАШАТА ВАГИНА ИМА ПОГРЕШНА БОЈА

Многу жени имаат впечаток дека вагината ја нема вистинската боја. Се разбира, тие се во право. Таа треба да биде розова и никако поинаква. Но, што може жена со таква вагина да направи? На пазарот во Америка се нуди производ наречен „Пинк винк“ кој може да ја промени бојата околу надворешноста на вагината. Во себе тој содржи супстанции кои ги имаат производите за чистење на септички јами.

Ако ваквиот обелувач не успее ништо да направи со бојата на вашата „пријателка“, можно е во тоа да ви помогнат други производи како на пр. „Пинк“, кој доаѓа во форма на прашок и кој откако ќе се нанесе, има ефект од 48 – 72 часа. Нормално, ова мора да го направите за да го задржите младешкиот статус на вашите гениталии. Зошто да го живеете животот бесцелно?      

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.