Една конзерва сардини содржи повеќе од половина од дневната препорачана доза на омега-3 масни киселини.Конзервираните сардини се едни од ретките намирници кои спаѓаат во “брза храна”, но сепак се суперздрави.
Еве шест причини зошто треба почесто да ги консумирате:
Неприкосновен извор на омега-3
Една конзерва сардини содржи повеќе од половина од дневната препорачана доза на омега-3 масни киселини кои се неопходни за одржување на нивото на добриот холестерол, здравјето на срцето, мозокот и хормонскиот баланс.
Одличен извор на селен
Селенот и јодот се во синергија, а тие се основниот состав на сардините. Јодот е неопходен за нормалното функционирање на тироидната жлезда.
Изобилство од калциум
Сардините (дури и оние конзервираните) се одлични по здравјето бидејќи се едни од ретките животински намирници кои содржат висок процент на калциум, кој е неопходен за коските и кожата. Едно пакување сардини содржи третина од дневната доза на калциум.
Висок процент на витамин Д
Сардините со богати со витамин Д, кој обично е најпотребниот витамин во зимскиот период.
Ниско ниво на жива и останати метали
Многумина одбегнуваат да консумираат риба поради контаминацијата на водата со тешки метали. Меѓутоа, сардините се хранат со планктони и се наоѓаат на дното на прехранбениот океански ланец. Тоа значи дека содржат многу помалку жива и други тешки метали за разлика од другите риби.
Пријатели на буџетот
Оваа риба се вбројува во најевтините производи кои можете да ги најдете на рафтовите во супермаркетите.Конзервираните сардини се едни од ретките намирници кои спаѓаат во “брза храна”, но сепак се суперздрави.
Еве шест причин