6 трикови против надуеност и гасови

Против надуеност и гасови можете да се борите на природен начин, без оглед на причините за ова непријатно чувство.Еве неколку совети кои можат да ви помогнат веднаш.
Чаеви
Подгответе си посилен чај од камилица или нане, додадете малку мед и лимон и испијте го бавно.
„Навалете“ му на кимот
Семките на кимот се ефикасни против надуеност и гасови. Може да изедете една лажица семки или да направите крекери со семки ким и да ги јадете секогаш кога ќе почувствувате непријатност во варењето.
Тиква
Сезоната на тиквата е речиси тука. Користете ги сега или зачувајте за зимата, па јадете секогаш кога ќе почувствувате надуеност. Една шолја печена или варена тиква дневно е доволно за да ги победи и намали гасовите и проблеми со варењето на храната и чувствителните органи за варење.

Топла вода со лимон
Наутро на празен стомак, испијте една чаша топла вода со лимон. Овој пијалак е здрав, ве буди и полни со енергија, а со тоа, одличен е за варењето на храната и губење на тежината. Една до две лажици свеж сок од лимон се разредува со чаша топла вода и се пие полека пред појадок.
Лук
Против гасовите може да се борите и со лукот. Обидете се со супа од лук. Нарендајте лук и сварете го во вода неколку минути, а потоа додадете малку црн пипер и ким семки. Оставете да се повари уште малку, а потоа исцедете го. Оставете да се излади на собна температура и пијте два до три пати на ден.
Цимет
Половина лажичка цимет во прав се меша со една чаша топло млеко, додадете мед и измешајте и бавно испијте го.Еве неколку совети кои можат да ви помогнат веднаш.
Чаеви
Подгответе си посилен чај од камилица или нане, додадете

Пронајдете не на следниве мрежи: