60 минутна физичка активност во текот на денот го продолжува животниот век кај жените

Според ново истражување, високите и слаби жени кои се физички активни имаат поголеми шанси да доживеат длабока старост во однос на мажите или жените со натпросечна тежина, пренесува Health 24.
Доколку високите и слаби жени вежбале еден час дневно, тие си ја зголемија шансата да доживеат длабока старост, известуваат холандските научници.
Животниот век започна да се продолжува во некои развиени земји, рекол водечкиот истражувач Лојд Брантс од одделот за епидемиологија во Медицинскиот центар на Универзитетот во Мастрихт во Холандија.


“Резултатите покажуваат дека изгледот на телото и физичката активност се поврзани со животниот век, но се претпоставува дека оваа врска се разликува кај мажите и жените”, рекол Бантс.
Тој објаснил дека кај жените е поголема шансата да достигнат 90 години доколку вежбаат до 60 минути дневно. Шансите за достигнување на староста не се зголемуваат со повеќе вежби. Од друга страна, изгледа дека и мажите кои се подолго физички активни во текот на денот си ја зголемуваат шансата за достигнување на подолга старост.
За време на студијата учествувале повеќе од 7.800 мажи и жени, а холандските истражувачи исто така откриле дека поголем потенцијал да доживеат длабока старост имаат жените кои биле послаби на почетокот во однос на пониските и подебелите жени.
Жените кои биле околу 175 центиметри високи имале 31% поголеми шанси да достигнат 90 години отколку жените кои се високи околу 160 центиметри, покажаа резултатите. Но, експертите истакнуваат дека ова правило не важи за мажите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.