‘Машки’ филмови кои жените ги сакаат

Акција, експлозии, пукање, тепачки и секс се основните елемнти на типичен филм кои машките ги сакаат.

Филм кој не им одговара многу на женската популација. Но сепак има нешто во некој такви филмови кои тие го обожаваат.Дали е сексипилниот актер или интересниот хумор кој го има во сценариот, сепак има филмови кои можете да ги предложете на девојката заедно да го гледате а таа без да се двоуми ќе прифати.

Одбројуваме …

 

10. Индиана Џонс и Храмот на Смртта( Indiana Jones and The Temple of Doom). Не е и којзнае што машки филм со оглед на тоа што акционен херој е професор по археологија. Но сепак е реален херој без натприродни сили кој знае да биде авантурис и романтичар.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

09. Стара Школа (Old School). Девојките овде не бараат експлозии и тепање. Тука тие наоѓаат еден посебен хумор од страна на Винс Вон и Вил Фарел кои претставуваат не толку популарни личности кои сакаат да го доживеат студенсткиот живот повторно, нормално пропратен со сексуална-комична тематика.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

08. Борновиот Идентитет (The Bourne Identity). Самата главна улога во овој филм си го прави своето. Не сеобрнува внимание на акцијата или трилерот во него. Девојките ги интересира како Мет Дејмон симпатично глуми таен агент кои со сериозен поглед се обидува да дознае кој и што е.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

07. Клуб за Борба (Fight Club). Па и не е само Бред Пит причината зошто девојките го сакаат овој филм; а не е ниту Едвард Нортон. Филмот содржи доста интересна приказна која секако им се допаѓа на понежниот пол иако погрубо е преставен. Таква е реланоста,нели?

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

06. Човек со Лузна (Scarface) Еден од најкултните филмови на сите времиња прераскажува како од обичен бегалец можеш да го имаш светот(The world is Yours). Приказната, галмурот на Мишел Фајфер како и сликата на Мајами во 1983 године е тоа што привлекува женска публика.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

05. Неславни Копилиња (Inglorious Bastards). Повторно главанта причина не е Бред Пит. Овде Приказната, режијата и две прекрасни актерски способности на Melanie Laurent и Diane Kruger си го прават своето. Бред Пит доаѓа повеќе како бонус.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

04. Казино Ројал (Casino Royale). Главните елементи на сите Џејмс Бонд филмови: Згоден агент, атрактивни девојки, скапи хотели, скап накит и облека. Со еден збор гламур и луксуз е тоа што девојките сакт да го гледат во 007 филмовите. Казино Ројал претставуа помлад агент и поголем луксуз во сцените.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

03. Италијанска Работа (The Italian Job) Организирани кражби од група на луѓе со различни способности и доста добар хумор е привлечното овде. Возбудливото возење на Шарлиз Терон во Мини е доста интересно за женската публика.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

02. Убиј го Бил 1 и 2 (Kill Bill 1 & 2). Ума турман облечена во жолто и со меч сецка каде сака. Никој не може да ја сопре во нјзината одмаза. Секако нема потреба натаму да зборувам зошто девојките го сакаат овој филм.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

01. Гладиатор (Гладиатор). Е овде е актерот. Добро, приказната и древниот Рим имат удел, но дефинитивно има барем 51% од женската публика која го гледа филмот поради мачо стилот на Расл Кроу.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Прочитајте ги и следниве статии:

Најдобрите филмски трансформации

 

5 најдобри филмски негативци

 

Најстрашните филмски ликови без костими и шминка

 

Пронајдете не на следниве мрежи: