Ericsson укинува 1.550 работни места

Loading...

Шведскиот производител на опрема за телефонија Ericsson во средата објави дека ќе укине 1.550 работни места во матичната држава, со цел да ги намали трошоците.

Притоа се напоменува дека најголем дел од заштедите се планира да биде остварен во клучниот оддел за мрежна опрема, иако заштеди се планираат во сите сегменти на работењето, вклучително маркетингот, управата, истражувањето и развој, набавките и услугите
Групацијата во Шведска вработува околу 17.800 работници, а во повеќе држави ширум светот има околу 10.000 вработени.
Минатиот месец Ericsson извести за 43-отстотен пад на нето добивката во третиот квартал, со оглед дека финансиските потешкотии ги поттикнале телекомуникациските оператори на зајакната внимателност при инвестирањето во мрежна инфраструктура.

Макфакс

Погледнете ги следниве статии

Што преставува спорот меѓу Apple и Samsung за паметните телефони?

Престижни меѓународни награди за тројца вработени во НБМ

Да се даде отказ или не?

 

 

 

loading...
Loading...