Една од најпознатите слики на Клод Моне на аукција во Њујорк продадена е за 43,7 милиони долари.
Според првобитните проценки, ова масло на платно наречено „Nympheas” од 1905 година, вредело меѓу 30 и 50 милиони долари.
На истата аукција продадена е и сликата „Studie fur Improvisation 8“ на Василиј Кандински за 23 милиони долари, што е нов рекорд за овој руски уметник.
Бронзената скулптура „La Jambe“ на Алберт Џакомети е продадена за 11,3 милиони долари, а сликата „Peinture (Femme, journal, chien)“, на шпанскиот уметник Хуан Миро за 13,7 милиони доалри.
Делото на Пикасо „Buste de femme“ достигна цена од 13 милиони долари.
Сепак, околу 30 отсто од 69 уметничките дела изложени на аукцијата не го најдоа својот купувач.
Некои експерти предупредија дека несразмерноста меѓу вредноста на уметничките дела и пошироката економија не смее да продолжи.
Според нив, додека цената на некои од најпознатите уметнички дела постојано расте, другите сектори со уметнички дела паѓаат во заборав.
Вкупната вредност на сите продадени уметнички дела достигна 205 милиони долари.
Макфакс
Погледнете ги следниве статии
Почина познатиот академски сликар Мерсад Бербер
Слика на Љупчо Самарџиски и донесе слава на Малта
Слика на Рихтер на аукција продадена по рекордна цена
Пронајдете не на следниве мрежи: