10 начини како да ги промените лошите навики на вашиот партнер

Loading...

Со вистинските потези, секоја навика на вашиот партнер која ви претставува проблем, може да стане минато.

Во прилог прочитајте неколку начини како да успеете во балансот, притоа излегувајќи како победник на крајот.

Начини на кои и двете страни би биле задовлени.

Лоша фризура

Голем дел од мажите воопшто и не се свесни за овој факт. Бидете креативни и на некој занимлив начин поклонете му вредносен ваучер за некој фризерски салон кој би го искористил на најдобар можен начин. Подоцна, дајте му комплимент со што би додале јаготка на шлагот.

Испушта непристојни гасови во вашето друштво

Сосема невообичаена но прилично честа навика. За оваа навистина непристојна навика, бидете отворени со вашиот партнер и кажете му го она што навистина го мислите, бидејќи сепак вие сте неговата друга половина и безмалку ве посрамотува пред оние пред кои најмалку треба да го прави тоа.

Изглед на бездомник

Секој маж има барем најмалку по еден пар на фармерки со расцепени коленици. Но, до колку и неговата останата гардероба е во истиот стил на потцепени и распарталени парчиња гардероба. Причината за некоја отмена вечера во ресторан, ноќта помината во театар или некое коктел збиднување нека биде начинот на кој неприметно би го натерале да обрне внимание на својот изглед, притоа изгледајќи пристојно и соодветно.

ТВ и фудбалските утакмици се неговите омилени нешта

Доколку посакувате да направите нешто по тоа прашање, без притоа да предизвиката конфликт, бидете отворени и направете компромис. Запрашајте го кој игра, а притоа придружете му се во гледањето на фудбалскиот меч заедно. Секако за возврат очекувајте прошетка во вашиот омилен клуб или некој концерт.

Тој никогаш не ви помогнал во чистењето низ домот

На поголем дел од момците баш и не им смета постојаниот неред. Бидете цврсти и направете куќен договор. Поделете си ги обврските притоа не отстапувајќи од она нешто што сте го наумиле. Он ќе ги измие садовите и ќе ја избрише прашината, а за тоа вие богато ќе го наградите. Барем на почетокот.

Неговата брада е неподнослива

Едно од нештата кои безмалку се како најчест проблем помеѓу повеќето парови. Бидете искрени и кажете му дека неговата брада ве гребе притоа предизвикувајќи црвенило. Сигурно нема да се налути, бидејќи во спротивно секој ваш интимен момент ќе биде уништен.

Заборавање на важните датуми

Нешто што е прилично често кај поголемиот дел од машката популација. Практично и постојано решение за овој проблем скоро и не постои, така да одвреме навреме во вашите заеднчки моменти меѓу редови потсетете го на некои од вашите заеднички важни датуми, како на пример вашата годишнина.

Тој е главниот Диџеј во вашиот автомобил

Интересно, но сепак практично. Поставете му го правилото кој вози и го плаќа горивото ќе го има правото на пуштање музика во поголемиот дел од времето.

Неодлучен и неодреден

Доколку незнае кога би бил неговиот следен повик кон вас или кога ќе ги заврши своите наводни обврски, не чекајте го. Распоредете ги своите оврски онака како што на вам ви одговара, па и покрај фактот што не би се поклопиле со неговиот распоред. Притоа на фин начин објаснете му дека не сте биле сигурни кога тој би ги завршил своите обврски, па и поради тоа сте си направиле свој план. Тој сигурно ќе го прифати тоа, притоа разбирајќи ве и нелутејќи ви се.

Лош избор на подароци

Нешто слично како и со лошото помнење на важните датуми. Бидете прецизни и дајте му до знаење што сакате. Немора да бидете директни притоа кажувајќи да ви го купи она нешто што во моментот го посакувате. Оставете го каталогот од својот омилен бренд случајно отворен, може и ќе му текне на што мислите.

Погледнете ги следниве статии

 Девет најлоши причини за секс

 

 

 

 

 Зошто мажите не ги сакаат караниците

 

 

 

 

 

 Знакови кои го откриваат лажгото во врската

loading...
Loading...