Дух фатен на камера!?

Во Велика Британија постои 36-годишен човек кој веќе три години на YouTube објавува снимки од својата “проколната куќа”. Тој постави ново видео во кое се гледа како некоја невидлива сила фрла работи по кујната. 

За човекот не се знаат многу работи, освен дека живее во Pembroke. Во минатото имаше многу дебати за тоа дали неговите видеа се режирани или човекот навистина има проблеми со паранормални активности. 

Ние не би се впуштале во проценка на автентичноста на видеото, но можеме да кажеме дека на Facebook често се јавуваат луѓе кои тврдат дека имаат слични проблеми и веруваат во неговата приказна. 

“Во последните неколку месеци мојот 'poltergeist' или бучен дух е мирен. Сеуште ми е страв дека еденд ен повторно ќе се разбудам и ќе почне да фрла работи по мене, или уште пострашно, дека ќе почне да прави работи кои досега не ги правел.” – изјавил MellowB1rd на објавеното видео. Тој во куќата живее веќе 25 години, а вели дека во истата немало никакви паранормални активности до 2009 година. 

Погледнете за што се работи. 

 

 

Ви ги препорачуваме и следните статии:

 

Верувате ли во духови?

 

Фатен дух во скопската „Куќа на стравот“?

 

Едномесечно бебе оди и испушта оган од својата уста

 

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: