Водете љубов со страст

Loading...

 

Многу грешите ако сексуалното задоволство го поврзувате само со стимулација на гениталиите. Секако, на нив треба најдолго да се задржите, но немојте да заборавите дека на телото има и други ерогени зони кои можете да ги стимулирате. Не прескокнувајте ги градите, вратот, ушите, подлактицата…

Обидете се сексуалната енергија да ја проширите на целото тело, па оргазмите на вашиот партнер да бидат уште поинтензивни.Без добар секс нема успешна и трајна врска. За жал, до совршен сексуален живот не се стигнува туку така.

За навистина да можете да уживате во врвното сексуално задоволство, некој најпрво треба да ве привлече, а вие треба да жртвувате време и енергија за добро да го запознаете. 

 

Без брзање – Постои мит дека само спонтаниот секс е добар секс, иако најчесто е обратно. Затоа е најдобро да не брзате. Планирањето и подготовките вложени во романтичната вечер ќе бидат наградени со поголемо уживање. Доколку сакате да се задржите на љубовната игра, немојте да се оптоварувате. Кажете му на партнерот јасно и гласно што сакате, а него тоа ќе го охрабри да ви ја приреди најдобрата можна љубовна предигра. Ако сте срамежливи, почекајте хормоните да ви проработат, па скриените желби шепнете му ги на увце во текот на загревањето.

 

Откријте што сака – Доколку сакате да постигнете најсилни оргазми, оние од кои мускулите се грчат, а срцето чука како лудо, тогаш на тоа морате да работите заедно со партнерот. За да научите да уживате, морате да препознаете што најмногу ви одговара. Тоа најлесно ќе го дознаете така што ќе почнете да го истражувате и своето и неговото тело. Реагирајте на секоја воздишка на задоволство и секој грч на мускулите. Немојте да бидете срамежливи. Играјте си, експериментирајте и трудете се да се задоволите еден со друг што повеќе можете. Ќе видите дека после извесно време ќе водите љубов како никогаш дотогаш.

 

Фантазирајте – Поделете ги со партнерот своите најскриени сексуални фантазии и поттикнете го и тој да ви каже за што мечтае. Обидете се, еден на друг да си ги остварите сексуалните соништа. Секако, немојте за нив да зборувате доколку забележите дека вашиот партнер не се согласува со тоа, бидејќи тоа може да ве оддалечи, а вашиот однос да стане ладен.

 

Користете го сетилото за допир – Повеќето жени грешат кога мислат дека партнерот може да се возбуди само ако му ги допираат гениталиите. Допирањето треба да биде дел од вашиот однос, дури и кога сексот не ви паѓа на памет. Допирајте се секогаш кога ќе поминете еден покрај друг, прегрнувајте се, држете се за раце, масирајте се, капете се заедно. Тоа уште повеќе ќе ве зближи, а кога ќе дојде време за секс, тој ќе биде многу поквалитетен.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Заштитете се себе и партнерот – Ако мислите дека заштитата навистина ќе ве спречи да уживате или дека ќе го намали интензитетот на задоволството, тогаш многу грешите. Презервативот не мора да претставува гумена бариера помеѓу вас и вашиот партнер, ниту неговото ставање мора да ја наруши спонтаноста. Ослободете се од предрасудите и ќе станете добар љубовник.

 

Најважниот сексуален орган не е само оној под појасот, има нешто и во главата. Ако сте оптоварени со стравови од несакана бременост или полни болести, нема да се релаксирате, што е пресудно за да можете да уживате во сексот. Токму затоа морате на време да размислувате за контрацепција.

 

Уживајте во бакнувањето – Чувството кое ви се јавува секогаш кога ќе ви се спојат усните, често е толку пријатно и интензивно, што некои луѓе се бакнуваат со часови. Затоа, бакнувањето е важен дел од сексуалниот чин и не треба да го занемарувате, посебно затоа што можете да го правите речиси секогаш и речиси секаде.

Иако многумина уживаат при бакнувањето да го ставаат јазикот во устата на партнерот, постојат и оние кои тоа не го сакаат. На таквите личности не им го наметнувајте овој начин бидејќи само ќе ја расипете атмосферата.

 

Задоволете го партнерот – Немојте партнерот да го оставате незадоволен само затоа што вашите сексуални апетити се разликуваат. Изреката, „правете им го на другите она што сакате тие вам да ви го прават“, важи и за сексот, како и за секој друг аспект од животот. Секој од нас има сексуални апетити и ниту една двојка не е совршено усогласена. Секогаш на едниот од вас ќе му биде потребен повеќе секс од другиот. Со годините, улогите можат и да се изменат, но важно е да се обидувате да се задоволите еден со друг.

 

Погледнете ги и следниве статии:

Маратонски секс

 

Што е тоа сексробик

 

8 нешта за пожежок секс

 

loading...
Loading...