MasterCard со нова “DisplayCard”

Наскоро луѓето ќе можат да си ја проверуваат состојбата на својата сметка и да прават трансакции на пари само со користење на нивната кредитна картичка.

Имено, MarsterCard најави лансирање на „Display Card“, картичка со технологија која инаку се поврзува со паметни телефони или таблети.
Новата картичка веќе почна да се користи во Сингапур, има LCD екран и типки осетливи на допир, а доволно е мала се уште да ја носите во паричник.
Многу банки во моментот издаваат уреди за аутентификација за онлајн банкарство, особено кога се во прашање ризични трансакции, како што се трансфери на износи над одредени граници.
„Display Card“ ја елиминира потребата за користење такви уреди за аутентификација.
Во иднина оваа картичка би можела да добие и дополнителни функции како што е увид и состојба на сметката и информации за неодамнешни трансакции.
Покрај MasterCard, уште некои компании работат на развој на слични картички, меѓу кои и Visa и Google,

Погледнете ги следниве статии

Владата донесе Стратегија за иновации 2012-2020

TraWell Ohrid – нова мобилна апликација на компанијата Codewell

Mozilla ја поправи опасната ранливост на новата верзија Firefox 16

Пронајдете не на следниве мрежи: