четврток, 12 ноември 2026
Најново

62-годишната Мелани Грифит на мета на критики поради краткиот шорц: “Престара си за тоа”

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Дали модата познава години и дали треба да заборавиме на некои парчиња кога ќе стигнеме до позрелите години?
Околу овие прашања секогаш се води расправа, а судејќи според коментарите кои пристигнале на сметка на стајлингот на Мелани Грифит, се чини дека повеќето се сложуваат околу мислењето дека некои парчиња се резервирани само за помладите девојки.


Имено, папараците ја фотографирале Мелани во прошетка низ градот, а таа на себе носела краток шорц и кошула. Нејзината облека предизвикала лавина од коментари и вистинска расправа на социјалните мрежи.


“Престара си за таков стајлинг. Ваквиот шорц е сепак за помлади жени”, “Во тие години подолгите модели се задолжителни”, гласат коментарите на сметка на нејзиниот стајлинг.
Сепак, во морето негативни коментари има и по некој позитивен глас кој ја поддржува 62-годишната актерка и верува дека модата не знае за години.

Поврзани вести