Убиен човек од обезбедувањето на шведскиот премиер

Loading...

 

Човек од обезбедувањето на шведскиот премиер Фредерик Реинфелд, беше убиен денес во резиденцијата. 

 

За време на убиствотот, премиерот не се наоѓал во резиденцијата. Полицијата реши да не дава никакви изјави за јавноста додека не го информираат семејството на починатиот човек, но таблоидот Expressen веќе излезе со информација дека станува збор за самоубиство. Потпаролот на премиерот изјави дека за време на немилиот настан, премиерот не се наоѓал во згратата. Тој бил на посета на архивата во Стокхолм.

 

Починатиот човек не е еден од телохранителите на премиерот, туку работел како обезбедување во резиденцијата. Неговиот идентитет се уште не е соопштен во јавноста.

 

 

Поврзани статии:

 Дете загина во зоолошка во Питсбург

 Над 20 лица загинати во серија бомбашки напади во Ирак 

 Најмалку 22 загинати, 60.000 раселени од поплави во Индија

loading...
Loading...