Лет Белград – Париз доцнеше поради Сораја

Очигледно да се биде Сораја се исплати. Српската старлета замина вчера на пладне за Париз. 

Но малку фалеше таа да остане во Белград. 

 

Таа не сакала да чека во зградата на белградскиот аеродром Никола Тесла, па затоа таму пристигнала точно во 12:00 часот за да чекира лет што тргнува во 12:35. Но според строгите правила на компанијата Сораја добила информација дека закаснила и дека летот е затворен.

 

Но кој може да и каже “Не” на Сораја? Таа убаво ги замолила, и како што знаеме дека убавиот збор и железна врата отвора, таа успеала да го чекира летот и да влезе во авионот. Авионот каснел 15 минути.

 

Изгледа дека правилата за “обичните смртници” не важат и за Сораја.

Пронајдете не на следниве мрежи: