За што размислуваат мажите после сексот?

Сигурно голем дел од дамите се запрашале што им поминува низ мислите на мажите по страствената партија секс во кревет.

Во прилог прочитајте кои се најчестите прашања на кои помислуваат сите оние момци кои се во врска со својата сакана партнерка.

 

Уживаше ли?

На голем дел од мажите кои се во долга врска со својата партнерка им е многу побитнен фактот за тоа како се покажале во кревет, за разлика од ситуациите кога е во прашање само сексот за една ноќ.  Голем дел од нив се прашуваат дали нивната избраничка го доживеала комплетното задоволство, дали уживала и најбитното дали го одглумила својот оргазам или навистина го доживеала. Прашања кои никогаш и не би се осмелиле да ги прашаат или изговорат на глас. Воедно понекогаш, после добрата акција во спалната соба си ги наметнуваат и негативните ставови како ’’Дали се посрамотив’’,’’Дали големината на мојот пенис е задоволувачка’’,’’ Зошто имаше момент кога ми се насмевна’’…со што би заклучиле дека сепак и посилниот пол страда од недостаток на самодоверба.

Дали таа се чувствува ценето?

Голем дел од припадниците на посилниот пол признаа дека по сексуалниот чин се обидуваат да бидат што понежни со својата партнерка, бидејќи им е битно како се чувствува. На некои од нив им е јасно како би се чувствувале жените кога тие едноставно би го добиле тоа што го посакуваат, би станале и би си заминале. Затоа и по сексот тие често практикуваат некоја друга активност како на пример заедничкото гледање на ТВ, разменување на нежности или разговарање на најразлични теми.

Дали водењето љубов е доволно често?

Постојат и мажи кои не би посакале да нивната партнрка помисли дека тие се опседнати со секс, но од друга страна тие и не посакуваат да таа има впечаток дека тоа нешто се случува преретко. Генерално тие се надеваат и се најсреќни кога нивната партнерка сама ќе се изрази дека е задоволна од нивниот сексуален живот.

 

Погледнете ги следниве статии

 Што повеќе килограми, толку помалку секс

 

 

 

 

 Жените ја губат невиноста пред мажите

 

 

 

 

 

 10 начини како да ги промените лошите навики на вашиот партнер

Пронајдете не на следниве мрежи: