10 Feng shui совети како да ја привлечете љубовта во вашиот живот

Loading...

Личностите кои во своето секојдневие го пракикуваат системот на Feng shui веруваат дека тоа е еден од најдобрите начини за промени и привлекување на позитивните нешта околу нив.

Прочитајте ги 10-те совети кој може да ви служат и ви се најдат на начин како би привлекле поголема позитивна енергија околу вас како и љубов, зацврстување на вашата врска и брак.

 

1.       Сликите со осамени личности заменете ги со слики од среќни парови – Уметничките творби имаат прилично значајно влијание во придонесувањето на историјата од зачувани моменти. Кога во вашето опкружување би биле опкружени со фотографии, слики и скулптури од осамени личности, постепено ќе ја создадете таа слика и за вас. Замената на истите со среќни и насмеани личности кои би биле или среќни парови или група на луѓе, ќе биде доволна причина за привлекување на едно позитивно расположение и љубов.

2.       Креирајте распоред на кој би седеле само парови – Фотељите често упатуваат една јасна порака дека треба да отстапите. Затоа доколку сте во потрага по љубов, заменете го распоредот на седење со прилагодување и намена како за романтични парови. Двоседите и удобните столици распоредете ги на соодветни и пријатни места во вашиот дом со што би биле доволен сигнал да покажете дека сте спремни за врска.

3.       Исфрлете го телевизорот од вашата спална соба – Ништо повеќе не би ја убило романтиката, како доцнежното ноќно гледање на програмите од вашиот телевизиски применик. Доколку имате проблеми со спиењето, обидете се со читање на некоја љубовна поезија или роман. На тој начин вашата потсвест ќе креира виртуелен љубовен магнет.

4.       Обезбедете си сензуална прекривка – Старата перница, и прекривката која ве потсеќа на вашето детство со ликовите од Дизни, во ниедени момент нема да го направат вашиот сексуален живот по заминлив. Наместо тоа, заменете ја вашата постелнина со свилени сатенски перници, сензуални прекривки, со што вашата спална соба самата ќе ја повикува страста во вашиот кревет.

5.       Заменете го вашиот голем кревет – Иако спиењето на голем кревет во ниеден момент нема да влијае негативно на вашиот интимен живот, сепак заменете го вашиот преголем кревет со некој кој би бил посоодветен. Сликата на премногу празен простор во вашиот кревет создава и не делува така привлечно. Доколку не сте во можност за замена, едноставно тој прзен простор пополнете го со секогаш креативните мали или поголеми перничиња.

6.       Подгответе се за друштво – Доколку сте во ситацијата да живеете сами, и покрај тоа во дел од вашиот гардеробер секогаш имајте простор кој ќе биде слободен. Воедно секогаш оставајте и уште една четкичказа заби вишок. На тој начин себе си ќе си демонстрирате желба за делење на просторот со уште некоја личност покрај вас. Вашиот романтичен потенцијал на тој начин ќе биде освежен, зголемен и постојан.

7.       Тргнете ги вашите кревети од ѕидовите – Доколку вашите кревети се прилепени за ладните ѕидови на вашиот дом тогаш никогаш нема да можете да ја привлечете љубовта во вашиот живот. Креветите наместете ги на начин да секогаш има доволен простор за поминување околу нив од сите страни.

8.       Направете идеално љубовно гуру – Искористете ја вашата влезна врата како почетна точка.  Според Feng shui најдесниот агол од вашиот дом го претставува вашиот донос со партнерот и е подобро познат како љубовно гуру. Затоа во тој дел направете го вашиот идеален љубовен простор. Удобната столица прилагодена на идеалното осветлување би биле сосема соодветно надополнување.

9.       Дадете му соодветно место на вашето семејство – Вашата спална соба го претставува вашиот романтичен и љубовен живот. Затоа и последната работа која би требало да ја имате во неа би биле фотографиите на вашето семејство, односно вашите родители. Детските уметнички творби како и играчки дополнително би го уназадиле вашиот љубовен живот. Почитувајте го односот со вашето семејство, но со соодветни места во вашиот дом и спална соба.

10.   Think Pink!  – Топлите бои како розевата и црвената значително би го освежиле вашиот љубовен живот. Нежните нијанси како нежното розево, коралните и пастелни бои би го прилекле вашиот нежен партнер, додека боите како портокалово-црвена и бордо би го привлекле вашиот партнер да ја открие вашата страствена страна.

 

Погледнете ги следниве статии

 За што размислуваат мажите после сексот?

 

 

 

 

 

 Дилема: Втор брак – да или не?

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 Како да ја возбудите – водич за мажи

loading...
Loading...