Преживеаната жртва на холокаустот од Втората светска војна и добитник на Нобеловата награда за мир, Ели Визел, изјави дека заедно со американскиот претседател Барак Обама пишува нова книга.
Осумдесет ичетиригодишниот Ели Визел изјави за ерусалимскиот дневен весник Haaretz дека работи на проект кој ќе го продолжи по завршувањето на американските претседателски избори.
„Обама и јас решивме заедно да напишеме книга, книга на двајца пријатели“, вели Визел, познат како автор на славните мемоари „Ноќ“ во коишто се присетува на периодот што го минал во нацистичкиот концентрационен лого Аушвиц во Полска, во кој биле убиени неговата мајка и сестра, како и маршот на смртта кој завршил во Букенвалд.
Обама го запознал Визел која овој предавал на факултетот на кој студирал актуелниот американски претседател, а се спријателиле во 2009 година која Обама го повикал Визел да му се придружи во текот на неговата посета Букенвалд.
Во меѓувреме станаа добри пријатели и често заедно вечераат, изјави Визел за весникот.
„Разговараме за филозофиите, мислителите, никогаш не зборуваме за политиката. Тој е личност којашто многу размислува, која има длабочина и интелектуално љубопитство“, додава Визел.
Визел кој е автор ан повеќе од 50 книги, не сакал да открие детали за новата книга.
Макфакс
Погледнете ги следниве статии
Обама плачеше кога се заблагодари на својот тим за победата
„Уште четири години“ – Денешната фотографија на Обама, проследена со над 300.000 твитови
Мишел Обама побара од Американците нова шанса за претседателот
Пронајдете не на следниве мрежи: