Возбудете го за 60 секунди

Жените не се ни свесни колкава сексуална моќ поседуваат. Би сакале ли својот партнер да го доведете до оргазам за само 60 секунди, да ја разбудите вашата скриена сексуалност и да станете господарка на страста?

Гола и мокра

Голото и мокро женско тело е она пред што неможе да одолее ниту еден маж. Кажете му да легне на кревет и оставете го да ве чека, а вие дотогаш истуширајте се и на мокра кожа намачкајте се со масло за тело. Кога веќе ќе стане нестрплив, појавете се на вратата и дозволете му со рацете да го истражи вашето тело.

Гласна

Звуците во сексот како стенкање и гласно воздивнување се многу еротични. Не се воздржувајте во текот на сексот да не испуштите глас бидејќи на тој начин на партнерот му давате до знаење дека и вие уживате. Ако ви е незгодно, неморате да бидете гласни туку со навлажнети усни доближете се од неговото уво и со топли воздишки и стенкање разбудете ги сите негови сетила.

Еротична

Жената која си го познава своето тело и знае со што заведува е сон на секој маж. Изненадете го со подвезици но без долен веш или започнете секси игри со милување на вашето тело.

Самоиницијативна

Постои ли нешто поеротично од жена што превзема иницијатива? Иако мажите се најчесто оние кои прашуваат за секс, надитрете ги и ќе ви бидат благодарни. Разбудете се пред него и тргнете во акција, почнете да го бакнувате околу увото и по вратот или раскопчајте му ги панталоните додека тој гледа телевизија. Тоа ќе биде доволно да му ги поматите мислите.

Весела

Иако повеќе време сте уморни и под стрес, понекогаш е потребно да се опуштите и да ја извлечете на површина својата весела и откачена страна. Заиграјте пред партнерот стриптиз или одиграјте ја улогата на заводлива докторка или собарка и почнете сексуален однос. И вие и партнерот ќе бидете задоволни.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.