Каков е вашиот љубовник

Loading...

 

 

 

Некои момци се срамежливи, некои се диви, но сите тие сакаат нешто различно во креветот. Начинот на кој „Тој“ му пристапува на сексот открива многу за неговиот карактер, затоа погледнете какви сѐ можат да бидат стиловите на различните љубoвници.

 

Порно ѕвезда

Секое машко би сакало да го практикува овој стил, но во реалноста многу малку можат да се истакнат. Ништо не го возбудува повеќе од помислата дека ќе може да ги примени сите оние финти што ги научил од омилените порно-актери.

 

Аудио тип

Овој дечко сака да ги слушне вашите фантазии кажани гласно, но не се ограничува само на зборови. Тој ги сака сите звуци на сексот – стенкањата, шепотењата, воздивнувањата и врисоците.

 

Трансцендентален тип

Секогаш во потрага по тој еден посебен момент, овој дечко е спремен да ја однесе партнерката во световите на некоја друга свесност. Тој не сака секс, тој сака „Таа“ да се стопи во него. Звучи тешко за остварување? Можеби, но на крајот ќе се исплати бидејќи тој несебично ќе ве награди со гушкање, бакнежи, вовед во тантрички секс, синхронизирано дишење и мноштво разиграна позитивна енергија.

 

Суперинтимен тип

Овој дечко нема проблеми со врзувањето и интимноста, емоциите за него претставуваат возбудување. Тој мора за време на сексот да биде емоционално фокусиран за да може да има комплетно еротско искуство. Приоритет му е да ја задоволи партнерката, а голем плус е и тоа што сака да се гали и гушка по водењето љубов.

 

Церебрален тип

Ова момче постојано мисли на секс. Тој често фантазира дека води љубов со други жени, но тоа не значи и дека не ѝ е верен на партнерката во реалниот живот. Најважно кај овој тип момци е да успеете да го релаксирате неговиот ум и да дозволите неговата имагинација да го стимулира во возбудувањето.

 

Ти-мене-јас-тебе тип

Овој дечко сака сексот да е фер – сѐ што партнерката направила за него, тој ќе направи и за неа. Омилена поза му е 69.

 

Експериментатор

Тој сака нови нешта, нови играчки, нови идеи, сака да пробува нови пози и нови начини на водење љубов, но сето тоа многу брзо му станува здодевно. Тој пробува сѐ и сешто барем по еднаш, и ако му се допадне ќе сака да го направи повторно.

 

Див тип

Сексот со овој дечко е див, страсен и по малку опасен. Тој сака перверзен, малку настран секс и сака да ги поместува своите (и вашите) еротски граници. Тој би пробал буквално сѐ, и нема срам и страв од ништо.

 

Визуелен тип

На овој дечко му треба многу визуелна стимулација. Предиграта за него започнува со гледање порно и сака девојката да се соблекува пред него, а стриптиз е добредојден. Бидете подготвени да водите љубов строго со запалени светла.

 

Импулсивен тип

Господинот Импулсивен сака да има секс секаде, во секое време. Ќе ве види и сака да има секс. Ќе помисли на секс и сака да има секс. Ова може да биде и многу возбудливо, бидејќи местата за секс се секаде околу вас: во кујната, на балконот, во канцеларијата, во автомобилот, во лифт, на улица, во авион…

 

Прикриен алфа-мажјак

Понекогаш може да налетате на дечко кој преку ден е Кларк Кент, смотан и фин, но кога ќе се најде во спалната, се претвора во сексуален Супермен. Е тоа е веќе нешто!

 

Директен тип

Овој дечко ќе ви пријде додека без церемонии ќе праша дали сте за секс, туку така под облака. Тој не е многу по романтиката и со него нема потреба да дешифрирате скриени знаци и наговестувања – ако сака секс, тој ќе си каже отворено.

 

 

Погледнете ги и следниве статии:

5 совети за здрав сексуален живот

 

Водете љубов со страст

 

Возбудете го за 60 секунди

 

 

loading...
Loading...