Видео: Привак „ХЕРОЈ“ за Вардар, „Комити“ влегоа на терен!!!

Loading...

Навивачите на Вардар го слават нивниот ракометар Привак кој со гол по истекот на времето му донесе победа на Вардар на дерби-дуелот од регионалната СЕХА лига против екипата на Металург.

Големо дерби, како пред натпреварот што беше најавувано, така и остварено онаму каде што треба, на паркетот.

Големото дерби помеѓу екипите на Вардар и Металург во рамките од осмото коло во СЕХА лигата заврши со драма-финиш во кој поуспешен беше тимот на Вардар кој по истекот на времето со удар од девет метри успеа да го совлада тимот на Металург со резултат 27-26, на полувремето од мечот резултатот гласеше 11-7 во корист на екипата на Вардар.

Натпреварот се одигра пред преполните две трибини во СРЦ Кале.

Вардар наредното коло игра на 17.11.2012 против Ловќен на гостински терен со почеток од 18 часот, додека пак тимот на Металург игра три дена потоа со Извидаќ со почеток од 18 часот.

Видео: sportefe.com.mk (голот на Привак)

Фото: „НоваМакедонија“ (Фото-вест / полицијата се судри со навивачите)

 

 

ПУЛС24 СПОРТ

( Имате информација, вест што сакате да ја објавиме? Контактирајте не! www.facebook.com/puls.sport.10 )

 

Времеплов: И големата ЦСКА Москва падна на колена пред Вардар… (ВИДЕО)

 

 

 

 

 

Фото/Видео: Головите на Тричковски и Тасевски во „Лига Европа“

 

 

 

Дрогба се враќа во Челзи!

loading...
Loading...