Местото на Ronaldo и Messi во историјата

 И оваа година се наближува кон својот крај, а светски фудбалски лиги се наближуваат кон означување на половина од текот на сезоните. Фановите на фудбалот ширум светот го вртат своето вниание кон трката за “Ballon D'Or”, односно Златната Топка. И повторно, по којзнае кој пат, се работи за трка меѓу двајца фудбалери, сите знаеме кои се – Аргентинецот Lionel Messi од Barcelona и Португалецот Cristiano Ronaldo од Real Madrid. На третото место би можел да се најде Radamel Falcao од Atletico Madrid, Xavi или Iniesta од Barcelona или некој друг фудбалер, но одамна е познато дека победникот ќе се бира меѓу двајцата најдобри фудбалери на денешницата. 

Оваа трка натера многумина да размислат за тоа како ќе се гледа на Messi и Ronaldo 10 или 15 години од денес, каде тие ќе го најдат своето место во фудбалската историја? 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Во моментов, можеби може да се каже дека Cristiano Ronaldo е еден од најдобрите 15 фудбалери на сите времиња, според неговите достигнувања и неговата доминација. Кога станува збор за Messi, има силни аргументи кои би го сместиле Аргентинецот меѓу најдобрите 5 на сите времиња, а ако продолжи со вакво темпо, не би било чудно еден ден на него да се гледа како најдобар фудбалер во историјата на играта. 

Тоа би било гледање предалеку во иднината, па затоа, да се фокусираме на она што веќе го знаеме. 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Ronaldo има силни аргументи на своја страна за да биде сместен во најдобрите 15 фудбалери на сите времиња. Тој бил успешен секаде каде што заиграл. Иако сеуште нема подигнато трофеј со репрезентацијата на Португалија, тој веќе неколку години е најдобриот португалски фудбалер, а успеа и да ја одведе својата репрезентација до полуфиналето на Европското Првенство годинава. Ronaldo беше дел од тимот кој заврши на второто место на Европското Првенство во 2004, како и тимот кој го освои четвртото место на Светското Првенство во 2006, а постигнуваше голови во двете прилики. 

Сепак, најголемиот успех Ronaldo го има доживеано настапувајќи за своите клубови. Во 2003 година потпиша договор за Manchester United, и и покрај тоа што првите неколку сезони имаше мал број на постигнати голови, тој блесна во неговата четврта сезона, 2006/2007. Беше есенцијален дел од тимот кој ја освои титулата, постигнувајќи 17 голови во 34 натпревари во лигата, а вкупно 23 голови во 53 натпревари на сите фронтови во црвениот дрес. 

Најдобрата сезона за United на Ronaldo беше 2007/2008, кога Црвените Ѓаволи повторно ја освоија Premier лигата, ја освоија Лигата на Шампионите, а подоцна истата година ја освоија и светската титула за клубови на FIFA.

За време на таа кампања, Ronaldo во 49 меча постигна неверојатни 42 гола, што на крајот на годината му ја донесе Златната Топка. 

Најголемиот личен успех Ronaldo го доживеа во Real Madrid, особено за време на последните 2 сезони. Во 2010/2011, постигнувајќи 40 голови во 34 натпревари, успеа да го скрши рекордот во La Liga за постигнати голови во една сезона. 

Изненадувачки делува фактот што некој не дозволи овој рекорд да потрае. 

Наредната сезона, 2011/2012, Lionel Messi го скрши истиот рекорд постигнувајќи 50 голови. Не треба да се занемари фактот дека Ronaldo и во таа сезона, повторно го подигна своето ниво и постигна 46 голови во 38 меча во La Liga, а 60 голови во 55 меча во сите натпреварувања. Откако е член на Real Madrid, Ronaldo има 164 голови во 160 натпревари, ова е неверојатен просек кога ќе се земе во предвид статистиката за гол по натпревар. 

Истовремено, достигнувањата на Messi се уште поубедливи.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Од неговото деби во 2004 година, станува тешко да се спомене Barcelona, а да не се помисли на Messi. Messi во дресот на Barca има освоено 19 клубски титули, но важниот дел е што Messi играше најголема улога во најмалку 14 од нив. 

На 25-годишна возраст, Messi веќе е број 1 голгетер во историјата на клубот, а многу е веројатно дека ќе го зголемува бројот на достигнати голови додека не дојде до некоја “недостижна” бројка. 

И тој самиот има поставено неколку рекорди, меѓу кои можеби најважниот се сведува на 3те освоени Златни Топки, рекорд кој го дели со Бразилецот Luiz Nazario de Lima Ronaldo и Французинот Zinedine Zidane. Разликата е што Messi ги освојува 3 години едно по друго. Го држи рекордот за број на постигнати голови во една сезона, 73, а израмнет е на местото број 1 за постигнати голови во европско натпреварување во една сезона, 14. 

Единственото нешто што е против Messi и Ronaldo е отсуството на титули со нивните репрезентации (Messi има Златен Олимписки Медал со Аргентина од 2008 година). Ова станува особено важно кога Messi е споредуван со Maradona и Pele. 

Во негова одбрана, мора да се погледнат и составите кои Аргентина ги има во негово време, состави на кои секогаш им фалела цврста одбрана и балансиран среден ред. Аргентинската репрезентација има проблеми откако последен пат го подигна трофејот во Copa America, далечната 1993 година. 

И покрај отсуството на успеси со репрезентациите, нема сомнение дека Ronaldo и Messi се најдобрите фудбалери на својата генерација. Тие постојано кршат рекорд-по-рекорд, а ако го задржат ова темпо, без сомнение ќе си обезбедат уште подобри места во историјата. 

 

Ви препорачуваме да ги погледнете и следните статии:

 

Меси и Роналдо се од друга планета

 

Гути:Меси е подобар од Кристијано Роналдо!

 

Мурињо: Роналдо мора да ја освои „Златната топка“

 

Пронајдете не на следниве мрежи: