Македонскиот претставник во КПК во женска конкуренција ЖРК Металург беше поуспешен од тимот на Лублин од Полска, нашите ракометарки славеа со резултат 25-26, на полувремето од натпреварот резултатот гласеше 9-11.
Во таборот на нашиот претставник најефикасна беше Бајрамоска со постигнати 5 гола на мечот заедно со Башиќ која имаше ист број на постигнати голови.
Во противничкиот табор се истакна Војтас со постигнати 8 гола на овој меч.
СПР Лублин: Консур, Малек 2, Коцела 3, Вилцзек 1, Мајерек 6, Гавлик, Војдат, Стасиак 2, Барановска, Репелевска 3, Јарош и Војтас 8. Седмерци: 2/2. Исклучувања: 8 минути.
ЖРК Металург: Андрејева, Иаломитеану, Антиќ, Мечевска 3, Гроздановска 1, Ѓорѓиевска, Бајрамоска 5, Десподовска, Пецевска 2, Јовановска, Младеновска 4, Николиќ, Николовска 2, Башиќ 5, Васчук 4 и Митрова. Седмерци: 1/4. Исклучувања: 8 минути.
Фото: www.rkmetalurg.mk
ПУЛС24 СПОРТ
( Имате информација, вест што сакате да ја објавиме? Контактирајте не! www.facebook.com/puls.sport.10 )
Видео: Вах „ПРЕЖИВЕА“, Кличко победата му ја посвети на покојниот тренер
Видео: Кристиано Роналдо и се пушташе на девојка од АУДИ
Видео: Инциденти на мечот Вардар-Металург
Пронајдете не на следниве мрежи: