Грчки Лукс Патрас „НА КОЛЕНА“ пред ЖРК Вардар!!!

ЖРК Вардар го доби двомечот со грчки Лукс Патрас во рамките од 3-тото коло во Купот на ЕХФ со резултат 27-16, на полувремето резултатот гласеше 12-7.

Во редовите на Вардар најефикасна на мечот беше Штериова со постигнати 8 голови, а Саидова имаше солиден натпревар каде забележа 18 интервенции.

Кај противничкиот табор Еелени Муру беше најефикасна со шест голови на мечот, Андријата Мишковиќ имаше 13 успешни интервенции на натпреварот.

ЖРК ВАРДАР СЦБТ: Саидова (18 одбрани), Зафирова, Костјукова 1, Саздовски 2, Лубјанаја 2, Стојковска 1, Штериова 8 (5), Светлова, Маневска 1, Кирии 1, Дмитровиќ 1,  Жулкина, Виноградова, Кликовац 3, Орехова, Лојпур 7.Тренер: Индира Кастратовиќ.

ЛУКС ПАТРАС: Касапи (2 одбрани), Мишковиќ (13 одбрани), Коромила, Нусиа, Страту 2, Елина 1, Пенев 2, Димитри 1, Муру 6, Евангелиду 4, Матарона. Тренер: Ратко Ѓурковиќ.
Седмерци: ЖРК Вардар СЦБТ 5/7, Лукс Патрас 0/1.
Исклучувања: ЖРК Вардар СЦБТ 4 минути, Лукс Патрас 6 минути.

Првиот натпревар заврши со дури девет голови предност за нашиот претставник, односно со резултат 19-28.

И двата натпревари се играа во салата „Борис Трајковски“.

Фото: zrkvardar.mk

 

ПУЛС24 СПОРТ

( Имате информација, вест што сакате да ја објавиме? Контактирајте не! www.facebook.com/puls.sport.10 )

 

Видео: Вах „ПРЕЖИВЕА“, Кличко победата му ја посвети на покојниот тренер

 

 

 

 

 

Видео: Кристиано Роналдо и се пушташе на девојка од АУДИ

 

 

 

 

Видео: Инциденти на мечот Вардар-Металург

Пронајдете не на следниве мрежи: