Крвната група го одредува вашиот сексуален живот

Loading...

Токму кога мислевме дека ги знаеме сите можни информации и научни констатации во врска со љубовта, дознаваме за едно малку необично верување кое владее во Јапонија. Имено, оваа култура верува дека крвната група е еднакво заслужна за одредени особини на луѓето како и хороскопскиот знак, па преку неа може да се одреди и каков љубовен живот ве очекува…

 

Група А 

Луѓето со оваа крвна група се искрени, чувствителни, трпеливи и резервирани. Добри животни сопатници се и на нив секогаш може да се потпрете. Најверојатно не се премногу забавни во креветот, но тоа ќе го надоместат со одлични вештини за социјализација, па претставуваат идеално друштво за секакви пригоди. Ќе ви се најдат кога ќе ви биде потребна емоционална потпора, тие се многу добри во тоа. Добро се снаоѓаат во стресни ситуации и се одлични родители. 

Група Б 

Диви, страсни, креативни, силни – оваа група е најчесто избегнувана во Јапонија, но во отворените култури е можеби омилена – таа припаѓа на оние лоши момчиња на кои не можеме да им одолееме. Во љубовните врски се себични и неодговорни, но тоа понекогаш е токму она што го бараме. 

Група АБ 

Ладни глави, смирени, рационални луѓе со силно изразена друштвена црта. Лесно се прилагодуваат на било која ситуација. Одлични се за врска, но на едно мора да бидете подготвени – луѓето со оваа крвна група никогаш нема да ви ја возвратат љубовта со еднаква мера со која ви ја земаат. Покрај тоа, тие се одлично друштво за забави, а една од маните им е тоа што се секогаш подготвени за критикување. 

Група 0 

Друштвени и оптимистични, сопствениците на оваа крвна група лесно ќе се согласат со сите предлози, а на своите нема премногу да инсистираат. Тие се топли личности кои сакаат нежности и имаат одлично чувство за романтика. Но, луѓето со оваа крвна група имаат и одредени лоши особини: љубоморни се и арогантни, така што немојте да се изненадите на нивната убеденост дека имаат право да чепкаат во вашиот мобилен телефон.

 

Прочитајте ги и следниве статии:

Заборавете на хороскопот – Љубовните комбинации се прават преку крвните групи

Долна облека според хороскопот

Роденденски подарок според хороскопскиот знак

loading...
Loading...