Со двата погодока во победата на Барселона против Реал Мајорка од 4:2, еден од најдобрите фудбалери на светот аргентинската ѕвезда Лионел Меси го мина својот најголем критичар бразилската легенда Пеле според бројот голови постигнати во една сезона, и пред него на вечната листа е единствено Германецот Герд Милер.
Лидерот во шпанската Примера славеше на гостувањето кај Реал Мајорка со 4:2 а головите ги постигнаа Переира во 55 и Виктор во 58 минута од пенал, додека за Каталонците стрелци беа Чави во 28, Меси во 44 и 70 и Тељо во 45 минута.
Лионел Меси со двата погодока од неделата досега сезонава постигна 76 голови за Барселона и аргентинската селекција со што ја мина бразилската легенда Пеле, според многумина најдобриот фудбалер во историјата, кој во 1959 година играјќи за бразилскиот клуб Сантош и за репрезентацијата на Бразил постигнал 75 голови.
Според моменталната форма на Аргентинецот, се чини дека не е недостижен ниту апсолутниот рекорд што го држи Германецот Герхард Милер. Тој во 1972 година во ѕвездените моменти на минхенски Баерн и за германската фудбалска репрезентација постигна вкупно 85 голови.
Преземено од Макфакс (https://www.makfax.com.mk/)
Пронајдете не на следниве мрежи: