“Зјапањето” во женски гради го продолжува животот

Конечно ќе имате изговор пред вашата партнерка кога покрај вас ќе помине “реплика” на Памела Андерсон.

Многумина од машките ширум светот ќе се сложат дека најпривлечен дел од женското тело се токму градите.

Благодарение на научниците сега машките ќе можат да гледаат почесто во женските гради и затоа да имаат добро оправдување со кое што би се оправдале пред нивната девојка или жена, а тоа е дека гледањето во женските гради го продолжува животот.

Според научниците доколку дневно гледате околу десетина минути во женското деколте, вашиот живот ќе се продолжи за околу 5 години. Научниците препорачуваат луѓето кои што се постари, повеќе да го применуваат овој начин на продолжување на животот.

Целото истражување траело 5 години и било спроведено на 200 испитаници на кои што им биле направени систематски прегледи пред и по завршување на истражувањето. Со истражувањето се докажало дека оние испитаници кои што дневно гледале по 10 минути во женското деколте имале помал крвен притисок и значително помалку заболувања на кардиоваскуларниот систем, за разлика од оние испитаници кои што не гледале во женското деколте.

Затоа препорачуваме дневна доза од 10 минути „зјапање“ во женските гради, доколку сакате подолг живот.

 

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: