Kосовските Срби нема да почитуваат интегрирано управување со премините

Србите од северот на Косово најавија дека со демократски средства ќе се борат против примената на договорот од Брисел и дека ќе ги бојкотираат официјалните премини, пишува весникот „Данас“.

Изданието потсетува дека кон средината на декември на преминот Јариње би требало да започне реализацијата на пилот проектот за интегрирано управување на административните премини. Меѓутоа, Србите од северот на Косово се противат на примената на тој договор, па со тоа се јавува опасност повторно да дојде до немири и опструкција на договорот постигнат меѓу Белград и Приштина.
Претставниците на косовските Срби најавуваат дека нема да го почитуваат договорот за интегрирано управување со премините.
„Тоа практично значи дека не сакаме на административните премини да имаме косовски цариници и косовски полицајци, бидејќи премините тогаш би претставувале граница во рамки на самата држава Србија, што е противуставно. Веќе сега можам да кажам дека на северот на Косово и Метохија ќе има доста отпор на примената на договорот што го постигнаа Борислав Стефановиќ, односно Борис Тадиќ со косовската страна“, изјави Милан Ивановиќ, претседател на Српскиот национален совет на северно Косово.

Макфакс

Погледнете ги следниве статии

Дачиќ: Поделбата на Косово е единствено решение

Николиќ не сака „територијален интегритет на Косово“ во документите на ЕУ

Николиќ тврди дека Србија и подготвено решение за Косово

 

Пронајдете не на следниве мрежи: