Од поплавите во Хаити загинаа 17 луѓе

Седумнаесет луѓе загинаа во северниот дел од Хаити во поплави предизвикани од поројни дождови, јавија странските агенции.
Владата северот на Хаити го прогласи за зона на елементарна непогода.

Повеќе од 3.400 луѓе биле принудени да ги напуштат домовите поради реките коишто се излеале.
Поплавите ја усложнуваат борбата со епидемијата на колера која во таа карипска држава трае веќе две години.
Според најновите податоци, од болеста животот го загубиле 7.626 луѓе, а бројот на заболени е повеќе од 600 илјади лица.
Ширењето на епидемијата се зголемило откако ураганот Сенди ја погоди таа држава.
Особено тешка е ситуацијата во западниот и југозападниот дел од Хаити.
Од ураганот уништени се 20 специјализирани медицински центри за борба со колерата.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: