Ѓоковиќ против Федерер во финале

Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер, во понеделник навечер, во Лондон, ќе се борат за последниот трофеј во 2012 година, трофејот од Мастерс купот.

Најдобриот на светот, Ѓоковиќ до финалниот меч стигнаа на импресивен начин, без пораз на четирите одиграни мечеви.

Тој во фазата по групи ги победи Цонга, Мари и Бердих, а во полуфиналето беше подобар од Дел Потро.
На патот до финалето, Федерер загуби еден меч од Дел Потро, а ги победи Типсаревиќ и Ферер во групата и Мари во полуфиналето.
Доколку Ѓоковиќ победи во финалето, ќе освои 1.500 бодови, а и ќе ја добие максималната парична награда од 1,76 милиони долари.
Србинот и Швајцарецот во Лондон ќе се сретнат по 29-ти пат, повеќе победи – 16 има Федерер.

Оваа сезона резултатот во меѓусебните дуели е 2:2, Новак победи во полуфиналените мечеви во Рим и Ролан Гарос, додека Федерер забележа победи во полуфиналето на Вимблдон и финалето во Синсинати.
Мечот во Лондон ќе биде второ финале на Мастерс купот за Ѓоковиќ, додека Федерер, која ја брани титулата, се избори за својот осми финален меч.

Макфакс

Погледнете ги следниве статии

Критична задравствената состојба на таткото на Новак Ѓоковиќ

Момче јавно го запроси Новак Џоковиќ!

Новак не дозволи изненадување, падна Бердих

 

Пронајдете не на следниве мрежи: