Нов силен земјотрес во Гватемала

Силен земјотрес ја погоди Гватемала, само неколку дена по најсилниот земјотрес во кој загинаа најмалку 52 лица.

Земјотресот со јачина од 6,1 степен по Рихтер бил со епицентар на пацифичкиот брег на Гватемала, јави BBC.
Исто, така, бил почувствуван и во Ел Салвадор и во мексиканската држава Чиапас на југот на земјата.
Земјотресот се случил во 16.15 часот по локално време.
За сега нема извештаи за ѓртви или голема штета, но вториот голем земјотрес кој се случува во неколку дена, предизвика паника меѓу населението, во оваа централно американска држава.
Претседателот Ото Перез Молина информирал за хуманитарните операции кога се случил вториот земјотрес, па тој, владините претставници и новинарите биле евакуирани од зградата.

макфакс

Погледнете ги следниве статии

Земјотрес во Италија, старец починал од страв

Силен земјотрес го погоди Гренланд

49 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје

Пронајдете не на следниве мрежи: