Поткупувале лекари да препишуваат лекови од „Фармал“

Целата управа, како и сите 27 теренски работници на хрватската компанија „Фармал“ се уапсени во понеделник наутро под сомнение дека поткупувале лекари ширум Хрватска, јавуваат хрватските медиуми.

Целата управа и сите теренски работници на компанијата „Фармал“ од Лудбрег се уапсени во големата акција на Јавното обвинителство и Управата за спречување корупцијаи организиран криминал(УСКОК), под кодно име „Хипократ“.

Со истрагата се опфатени 500 луѓе.
Уапсените се сомничат за давање мито на лекарите од општа пракса ширум Хрватска да препишуваат лекови од нивната компанија.
„Слободна Далмација“ јавува дека со кривични пријави ќе завршат дури 50 лекари кои примиле мито од „Фармал“, инаку подружница на големата германска фармацевтска компанија „Дермафарм“.

макфакс

Погледнете ги следниве статии

Надзорник од струмичкиот затвор земал поткуп од затвореник

Бугарија не го менува ДДВ-то за лековите

Царината заплени лекови, ловечка муница, цигари, текстил и фалсификати

Пронајдете не на следниве мрежи: