Двајца челници на BBC суспендирани поради скандалот

Уредникот на секторот за вести на British Broadcasting Corporation (BBC) Хелен Биоаден и нејзиниот заменик Стив Мичел привремено ги напуштија своите позиции во рамките на внатрешното престројување на компанијата, соопшти во понеделникот прес-службата на британскиот јавен сервис.

Во сабота, по обвинувањата за корпорацијата за новинарски непрофесионализам оставка си поднесе генералниот менаџер на BBC, Џорџ Инвистл. Таа уследи откако претходно, во централната информативно-аналитичка емисија „Newsnight“ која се занимава со истражувачко новинарство, погрешно беше обвинет за сексуално злоставување на малолетници високиот функционер Алистер Мекалпин, претставник на конзервативците во Домот на лордовите и министер за финансии во времето на владата на британската премиерка Маргарет Тачер, во 1980-те години. Во емисијата „Newsnight” минатата седмица беше објавена сторијата за наводни сексуално злоставувања на деца во Велс во 1970-те и 1980-те години. Во прилогот беше интервјуирана жртва којашто се претстави како Стив Мешам кој тврдеше дека злоставувачот бил тогашен висок функционер на кознервативната партија, но не го наведе неговото име.
Ова се случи поради тековната истрага на поранешниот уредник во редакцијата за вести на телевизијата Sky News, Ник Полард, поради уредувачките грешки во подготвувањето на прилогот за поранешниот (сега покоен), водител BBC, Џими Севил осомничен за неколку стотици случаи на педофилија. Во меѓувреме се дозна дека новинарите на BBC, исто така, подготвувале истрага и имале намера да ги објават резултатите од неа пред повеќе години, но во декември 2011 година работата на оваа тема била прекината. Корпорацијата сега спроведува сопствена внатрешна истрага, испитување на вработените кои соработувале со Севил.

„Со цел да се надмине несигурноста во уредничката одговорност по вертикала, беше одлучено да се врати единствена рамка за контрола на сите содржини на програмите, без разлика дали тие се однесуваа на Севил или не. Хелен Боаден одлучи дека не може да ја преземе врз себе оваа одговорност сé додека не биде завршена истрагата во случајот на Поларад“, се вели во соопштениeто на BBC.
Наместо беа и нејзиниот заменик привремено се именувани други лица кои ќе ги извршуваат нивните должности. Вршител на должноста генерален директор (кој воедно е и главен уредник) на BBC, Тим Дејви во понеделник треба да ги објави новите мерки за основното преструктуирање на управувањето во рамките на BBC во врската со последните настани.

Макфакс

Погледнете ги следниве статии

Оставка на директорот на ЦИА поради љубовна афера

Оставка на шефот на обезбедувањето на чешкиот претседател поради нападот со пластичен пиштол

“Егзит” без финансии, оставка на главниот менаџер

Пронајдете не на следниве мрежи: