Пресметка во ред за ќебапи, едно момче убиено

Едно момче е убиено, а друго рането во бизарна пресметка во ред пред ќебачилницата „Царица“ во јужниот српски град Ниш, јавуваат српските медиуми.

Убиството се случило во недела навечер, кога без некоја посебна причина четири момчиња кои чекале во ред пред ќебачилницата се скарале, по што еден од нив извадил пиштол и испукал неколку куршуми кон другите двајца.
Дваесет идеветгодишниот Марко Ц. е погоден во стомакот и во тешка состојба е префрлен во Клиничкиот центар во Ниш, каде подоцна починал. Неговиот врсник Владимир С. е погоден во раката и завршил на Клиниката за ортопедија.
Локалните медиуми јавуваат дека до кавгата дошло бидејќи двете момчиња немале трпение да чекаат во редот за ќебапчиња.

Макфакс

 

Пронајдете не на следниве мрежи: