Фетел: Алонсо и јас ја заслужуваме титулата

Актуелниот шампион во Формула 1, Себастијан Фетел изјавил дека тој и Фернандо Алонсо заслужиле да ја освојат титулата.

Шпанецот во Ферари беше лидер во генералниот пласман во поголемиот дел од првенството, но Германецот од Ред Бул, на последните пет трки забележа четири победи и ја презеде од Алонсо лидерската позиција.
„Мислам дека според прикажаното и двајцата ја заслужуваме титулата. Жално е што еден од нас на крајот ќе остане без победничкиот пехар. На крајот, околу титулата ќе решаваат нијанси и мислам дека така е најчесно“, рекол Фетел.
Германецот на две трки до крајот на првенството во Формула 1 има десет бодови повеќе од Алонсо, претпоследната трка во шампионатот ќе се вози во Остин, Тексас, на 18. ноември

Макфакс

 

Погледнете ги следниве статии

Алонсо спремен за добар круг во Монца

Алонсо: Доколку Ферари го менува Маса мора да најде подобaр возач од него

Расправии во Ферари, го нападнаа Алонсо, тој возврати со критики за болидот

Пронајдете не на следниве мрежи: