Прв состанок – местото на кое ќе ве одведе ги открива неговите намери

Loading...

 

Зарем немате некогаш помислено дека местото на кое вашиот потенцијален партнер би ви ја договорил вашата прва роматнична средба, би бил еден од начините да процените каква личност е и кои се неговите намери.

Во прилог прочитајте ги нештата кои би ви помогнале во проценката за личноста со којашто имате намера да биде вашиот нов партнер.

Локалното кафуле – Доколку вашиот потенцијален партнер ве повика во кафулето во кое најчесто го поминува своето време, тоа би значело дека е комплетно опуштена личност, но и не сосема сигурна личност во своите љубовни способности, па затоа и додатната сигурност ја бара во веќе познатото опкружување. Од вас како негова идна партнерка би очекувал да бидете иста како и тој, секогаш опуштена, па и по можниот неуспех на таа средба, на ваквата личност несекогаш и паѓа тешко, со оглед на опуштеноста во поглед на целовкупно опркужување и начин на живот.

Фудбалски натпревар или партија тенис – Дека мажите се страствени љубители на спортот тоа е веќе одамна познато, па затоа и нека не ви претставува никакво чудење доколку на вашата прва средба ве повика на некој фудбалски натпревар, партија тенис или прошетка во паркот. Ваквиот тип на личност од вас би очекувал да бидете неговата активна партнерка со која би бил во можност да ги дели сите свои активности. Најпрво би тежнеел кон подлабоко запознавање, и дали ги делите истите интереси како него, а тек потоа би бил вистински спремен за било каков почеток на врска со вас.

Забава кај неговите пријатели – Доколку ве повика на седенка или некоја поголема забава која ја организираат неговите пријатели, тоа би бил доволен знак со кој би ви покажал дека е длабоко заинтересиран за вас, и дека би сакал да ги запознаете неговите пријатели. Од негова страна најбитно би ќе биде вашето заедничко забавување,за да потоа заедно би ја имале можност да процените дали би имале шанса за било каква заедничка иднина. За него врската и обврските не се на прво место, сепак тоа лесно би можело да се заклучи и покрај неговата заинтересираност за вас.

Отмен ресторан – Типот на мажи кои за вашата прва средба би се одлучиле за изборот на префинет и отмен ресторан, бидете сигурни дека очекуваат и ваша втора средба. Но, внимавајте бидејќи ваквиот тип на личности го немаат проблемот на постојано влегување од врска во врска, па доколку би сакале да го задржите за подолг временски период, на вашиот следен состанок превземете ја иницијативата и предложете некое помалку отмено место на кое би имале сосема поинаква средба.

Совршеното место – Доколку на прв поглед местото кое вашиот потенцијален партнер го избрал е и повеќе од совршено, во можност е да сте во ситуација со партнер кој бил и на повеќе од премногу средби во својот живот.  Но, сепак тој после неговата историја на љубовен живот и повеќе од сигурно е дека е во потрага по онаа партнерка со која би се смирил и би го создал своето семејство. Доколку ги делите истите интереси, сонот кој би го посакувале би можел да се оствари.

 

Погледнете ги следниве статии

 Што мажите не сакаат кај жените?

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 Крвната група го одредува вашиот сексуален живот

 

 

 

 

 

 

 

 Проценете го според неговиот пијалак

 

loading...
Loading...