Неколку трикови за да го возбудите за вечера

Loading...

Сакате да го зачините сексуалниот живот? Изнесете го на вечера и дадете му дел од себеси. Задевајте го, возбудете го, имајте одлична предигра.

Еве неколку секси совети кои со сигурност ќе го натераат да ве моли што побрзо да си одите од ресторанот…

Секси потези со рака

Пред да отидете на вечера, облечете се во заводливо фустанче во кое ќе можете да му ставите акцент на деколтето. Збогатете го со ланче и приврзок што ќе биде точно меѓу вашите гради. Дадете му до знаење дека оваа вечер ќе биде незаборавна за него – додека јадете. Почнете со заводливи погледи. Играјте си со ланчето. Правете се дека ви е жешко – со рацете кренете ја косата и милувајте се од вратот па се до деколтето. Нежно наведнете се и спуштете ги лактите на масата, овозможете му убав поглед кон деколтето.

Еротска активност под маса

Милувајте го со нозете под маса – потег кој нема да го остави индиферентен. Соблечете ја кондурата и нежно милувајте го со ногата по внатрешната страна. Кога ќе дојдете до коленото продолжете нагоре по внатрешната страна на колковите, но внимавајте никој да не ве забележи. Ако партнерот ви го дозволи ова тогаш продолжете да му го милувате и пенисот. Само бидете внимателни да не го повредите.

 

Играјте си со пијалокот

Кога сте на вечера порачајте си топло чоколадо со крем или пијалак со лед. Пробајте да го извадите мразот од чашата со цевка. Потоа земете го во раце и навлажнете ја устата. Почнете нежно да си ја грицкате устата. Доколку можете поминете со коцката мраз по вашето деколте и врат. Дозволете му да фантазира додека ве гледа и нека си замислува што го чека него по вечерата. Ако нарачате топло чоколадо, со прстот земете малку од кремот и размачкајте ја устата. Потоа бавно со јазикот излижете го. Повторно намачкајте го прстот и овој пат дајте му и на него да проба. Можете да ставите малку и на вашите гради и да дозволите тој да го излиже, но се разбира се треба да биде тајно.

Сервирајте му ги гаќичките

За најхрабрите, имаме уште поголем предизвик. Кога сте сигурни дека никој не ве гледа, можете дискретно да ги соблечете гаќичките – ако носите фустан. Ако сте срамежлива, можете да го направите тоа во тоалетот наместо пред него. Кога ќе завршите со вечерата и кога на масата ќе имате само пијалак можете да ја донесете еротската игра до крајност. Ставете ги гаќичките во неговата рака. Потоа, фрлете нешто на подот и речете му тоа да го крене. Додека тој е наведнат вие раширете ги нозете и дозволете му да ужива во погледот. Едвај ќе се воздржи да не го напушти ресторанот само за да може веднаш да ве има вас како десерт.

 

Прочитајте ги и следниве статии:

Возбудете го за 60 секунди

7 најлуди машки фантазии

Жените ја губат невиноста пред мажите

loading...
Loading...